Истражувањата покажуваат дека рацете се најчестиот преносител на бактерии од кои можеме да се разболиме. Опасноста од болести се зголемува доколку се носи накит или долги нокти, кои се добро познати ,,собирачи,, на нечистотии.

Поради тоа, овие делови од телото не треба да се допираат со раце:

1. Лице
Допирањето на лицето со прсти треба да се сведе на минимум, односно да се ограничи на утринско миење, шминкање и на ставање креми. Кога се допира валкана површина, а потоа прстите се ставаат на челото или на некој друг дел од лицето, се доведуваме во опасност од појава на кожни инфекции или, да се добијат митисери и мозолки.

2. Уши
Ставањето прсти или некакви други стапчести предмети во усната школка го загрозува здравјето на ушниот канал. Честото чешање во ушите може да биде причина за бројни медицински состојби, кои бараат соодветен третман. Затоа – ако често чувствувате чешање во ушите, подобро е да посетите доктор, наместо сами да се обидувате да ја подобрите состојбата.

3. Очи
Допирањето на очите е дозволено само доколку се ставаат контактни леќи или ако се отстранува некое парче нечистотија. Освен овие оправдани причини за допирање на очите, не се препорачува триење на очите. Ако патите од сувост на очите, чешање или некои други непријатности поврзани со овој дел од телото, задолжително мора да се обратите на доктор.

4. Уста
Едно неодамнешно британско истражување покажало дека луѓето стават прсти во устата повеќе од 20 пати во текот на еден час кога им е здодевно на работното место. Студијата била објавена во списанието “Journal of Applied Microbiology” и покажала дека третина од сите зарази во телото се пренесуваат токму на овој начин.

5. Нос
Оние кои имаат навика да ги пикаат прстите во носот, имаат за 51% повеќе шанси да ја внесат бактеријата “стафилокока” (Staphylococcus aureus).

6. Делот под ноктите
Стручњаците советуваат дека треба да се носат што покуси нокти, бидејќи кожата под овој рожнат дел е многу чувствителна и претставува ,,џебови,, за задржување на опасни бактерии од околината. Опасноста е поголема доколку не се чисти редовно овој дел од телото, или ако тоа се прави на несоодветен начин – со ставање на ноктите од другата рака или ставање остри предмети под чувствителната кожа на ноктот.

7. Задник
Бришењето со толаетна хартија по вршуењето на голема нужда и миењето на овој дел од телото е максималниот контакт кој треба да се има со овој дел од телото. По било каков контакт со овој дел од телото, мора рацете да се мијат многу добро.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина