Иако традиционално витаминот Ц се смета за најважен во борбата против настинките и грипот, подеднакво важен е и цинкот. Тој е еден од најзначајните минерали во човековото тело и е клучен за оддржување на отпорноста на инфекции и болести, па се препорачува како како природна заштита од сезонски напад на микроби. Стручњаците истакнуваат дека храната богата со цинк е многу важна за доброто здравје, затоа што дури и најмал дефицит може да доведе до катастрофа. Поради тоа е неопходно константно да се внесува овој минерал во организмот, посебно во зима, бидејќи тој на слузокожата на грлото и носот создава бариера која спречува вирусите од грипот да продрат во телото.

Оние кои имаат хроничен недостиг на цинк во организмот, се посклони кон малигни болести, затоа што овој исклучителен минерал има дејство и на антиоксиданс. Неговиот недостиг се поврзува со рак на јајчниците, белите дробови, цревата, дојките, кожата и со леукемијата. Сите витамини и минерали треба да се внесуваат по пат на природен извор – преку храната, а тоа се однесува и за овој минерал. Тој подбро се апсорбира од животинските намирници: јајца, месо (говедско, живина), морски плодови (школки, ракови, туна). Секако, не се занемарливи ниту растителните извори на цинкот, кој се многу повеќе и кои двојно повеќе се пополезни за човековото здравје: јаткастото овошје, бадемите, гравот, пченичните никулци, интегралните житарки, семките од тиква,, спанаќот, пивскиот квасец, боранијата и грашокот. Овие намирници се богати со селен и магнезиум. Симптоми од недостиг на цинк се губење на сетилата за вкус и мирис, проблеми со кожата, анемија, намален апетит, бели точки на ноктите, слеб пренос на нервните импулси, ментални нарушувања, чувствителност на инфекции и забавено зараснување на раните.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина