Поради состојките кои ги содржи во себе, а кои се полезни за здравјето, црната чоколада секогш се препорачува за консумирање пред млечната чоколда, дури и на дневна база, но стручњаците предупредуваат дека треба да се обрати на количината, бидејќи тогаш дури и таа станува штетна, пишува CNN.

 

Црната чоколада е богата со какао, кое има висок процент флавоноиди, антиоксиданси кои спречуваат оксидација на холестеролот и така ги штитат крвните садови, го намалуваат крвниот притисок, ги подобруваат когнитивните способности и веројатно го намалуваат ризикот од дијабетес.

Млечната чоколада содржи мали количини флавоноиди, додека белата воопшто ги нема. Црната чоколада има горчлив вкус, а колку повеќе содржи флавоноиди толку е погорка. Токму производителите ја уништуваат со обработка, за да биде повкусна, што ги убива здравите состојки.

Обработката создава низа нови ароми, но така се уништуваат молекулите во зрната, а тогаш секогаш постои шанса да се уништи и нешто што не сакаме да се уништи, како што се флавоноидите – изјавил Мет Хартингс, професор по хемија на Универзитетот во Вашингтон.

 

Иако нивото на флавоноиди варира од една до друга чоколада, таа е секогаш поздрав избор од млечната. Богата е со минерали, како што се калциум, бакар, железо, магнезиум, манган и калиум, додека стеаринската киселина нема никакво влијание на здравјето.

 

Ако ја земате секојдевно, многу важно е тоа да бидат мали дози, а при бирање на чоколада важно е да е земаат оние кои содржат најмалку 60% како во себе.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина