Киш со кромид
Состојки:
За тесто:
- 300 гр. интегрално брашно
- 150 гр. маргарин (по можност, нехидрогенизиран)
- 50-80 мл. вода
- ½ лажички прашок за печиво
- 1 лажичка сол
Прелив:
- 300 гр. тофу
- 200 гр. растителна павлака за готвење
- 5 лажици скроб или оризово брашно
- ½ лажички сол
Фил:
- 6 главици разни видови кромид (бел, црвен, жолт)
- ½ праз
- 2 лажици маргарин (по можност, нехидрогенизиран)
- ½ лажички мајоран
- ½ лажици мелен ким
-
сол, црн пипер
- ¼ лажички морско оревче
Подготовка:
Замесете ги сите состојки за тестото. Еден округол плех за печење намачкајте го со маргарин и посипете го со брашно. Во средина ставете хартија за печење и прицврстете го за страничните страни и дното. Тестото втиснете го во плехот и направете раб со висина од 3 см.
Состојките за преливот измиксајте ги со рачен миксер. Кромидот исечете го со дебелина од 2-3 мм, а празот исечете го под должина и исечете го на лентички. Маргаринот растопете го во тава и на него пржете ги околу 5 минути кромидот и празот. Додајте зачини по желба.
Потоа заедно измешајте ги со лажица преливот и филотa и зачинете ги по желба. Добиената смеса распределете ја рамномерно врз тестото и ставете го кишот да се пече во претходно загреана рерна на 160ºC, 30-40 минути.


