Честопати се поставува прашањето што треба да се јаде за вечера по тренинг. Ова се 10 конкретни примери кои можат да се искористат.

1. Омлет од белки и печурки и филџан Баланс јогурт.
Исецканите печурки се динстаат на вода додека таа не испари, потоа им се додаваат две белки, малку магдонос, сол и црн пипер. Со филџан јогурт и на пример еден домат тоа е одлична вечера.

2. Салата од немасно сирење, домат и краставица.
Се сецкаат сите зеленчуци на парченца, малку се посолуваат и им се додава една лажичка ладно цедено маслиново масло.

3. Зелена салата (рукола), парче немасно сирење и еден домат. Се се сецка и се посипува со сусам и една лажичка маслиново масло.

4. Туна и зелена салата.

5. Домат, рукола, немасно сирење.
Се се сецка и се прелива со маслиново масло и босилек.

6. Печурки на скара или печени во рерна и еден филџан Баланс јогурт.

7. 50 грама рибни филети (по можност, немасна риба) со салата од домати и краставици.

8. 200 грама немасно сирење посипено со сусам и еден домат.

9. 150 грама пилешки гради на скара или печени во рерна се прелеваат со лимонов сок и една лажичка маслиново масло. Се додава малку сол, црн пипер и оригано.

10. Салата од ослиќ.
Се варат 150 грама ослиќ и се оставаат да се ладат. Потоа се мешаат со една главица ситно исецкан кромид и 2 чешниња лук. Им се додава сол, црн пипер, магдонос и малку маслиново масло.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина