Тајната за трајното губење на тежината може да ја најдете во дневните одлуки. Треба да се откажете од брзите диети и да се свртите кон промена на секојдневниот начин на живот. Ако сакате да го изгубите вишокот на килограми засекогаш, потребно е да останете мотивирани и да воведете некои промени. За овој потфат е потребно време и трпение. Губењето на тежината е контрола на вашите одлуки и фокус на долгорочна цел. Променете го начинот на живот, малку по малку, а резултатите ќе ви покажат дека ова е вистинскиот начин.

МОТИВАЦИЈА

  • Поставете мала, специфична цел. Залепете ја одлуката на фрижидерот или на огледалото во тоалетот.
  • Користете ја вагата како апарат за увид во вашиот напредок, а не како уред од кој ви е срам.
  • Направете си фотографии “пред и потоа”. Нема да верувате колку доказите мотивираат.
  • Наградувајте се за секој изгубен килограм со нова опрема за вежбање. Фокусирајте се  на губење на само два килограми. Ако вашите цели се поставени премногу високо, тоа може да доведе до разочарување и откажување.
  • Пробувајте го вашиот омилен пар фармерки секоја недела, за да се уверите колку сте напреднале.
  • Можете да составите листа на работи кои ви помагаат на патот кон слабеењето и да продолжите со нив. Тоа ќе ја претставува вашата листа на успеси
  • Замислете точно како сакате да изгледате. Отфрлете ги негативните мисли и заменете ги со позитивни. Вежбајте оптимизам, исто како што вежбаат вашите мускули.

ВЕЖБАЊЕ

  • Избегнувајте го тоа тренингот да ви изгледа исто секој ден.
  • Употребувајте го тренингот за сила и фокусирајте се на одредени мускулни групи
  • Бележете го секој тренинг во календарот. Подоцна, кога ќе видите колку тренинзи сте направиле, ќе се чувствувате подобро.
  • Загрејте се и не си дозволувајте да се повредите за време на тренингот.
  • Набавете си ДВД со вежби за оние денови кога временските услови се лоши или кога морате вашата дневна рутина за вежбање да ја направите дома.
  • Вежбајте најмалку три пати неделно.
  • Немојте да претерувате. Не сакате да се иритирате и од болка да останете будни цела ноќ.
  • Барем еднаш неделно вежбајте со тегови.
  • Истегнете се после секое вежбање додека сеуште сте загреани.
  • Користете тренинзи кои подразбираат издржливост.
  • Доколку имате само десет минути за тренинг, искористете ги.
  • Дишете правилно и длабоко со секоја вежба. На мускулите им е потребен кислород со цел правилно да се нахранат и развиваат.
  • Смислете физичка активност која барем еднаш неделно ќе ја практикувате со семејството.
  • Постепено зголемувајте го интензитетот на тренинзите.

ИСХРАНА

  • Консумирајте храна богата со растителни влакна.
  • Калориите се”светиот грал” во губењето на тежината. Обрнете внимание на големината на порциите.
  • Водете дневник на исхрана. Следењето на она што го внесувате може да го промени вашиот избор на намирници во текот на денот.
  • Подготвувајте си готвени јадења во мали порции користејќи зрави намирници.
  • Престанете да консумирате газирани пијалаци и сокови.
  • Започнете да консумирате здрави масти, како што се маслиново масло, ореви, авокадо и семки.
  • Редуцирајте ја вашата шопинг листа и потрудете се помалку да купувате замрзнати и конзервирани производи.
  • Подготвувајте ја храната еден ден однапред. Исецкајте го зеленчукот и ставете го во фрижидер. Подгответе и ориз кој ќе го ставите во салатата со пилешко наредниот ден.
  • Внесувајте здрави ужинки.
  • Додадете повеќе протеини во вашата исхрана.
  • Направете листа на храна на која не можете да и одолеете и немојте да ја купувате. Зошто да си отежнувате себеси?
  • Обидете се да консумирате и здрав десерт.
  • Пијте многу вода во текот на денот. Започнете го денот со чаша вода.

НАЧИН НА ЖИВОТ

  • Направете си музичка листа со музиката која ја сакате. Музиката мотивира.
  • Задолжително спијте по осум часа секоја ноќ.
  • Треба повеќе да стоите отколку да седите во текот на денот. Доколку вашата работа не го дозволува тоа, обидете се да станете и да ги протегнувате вашите нозе на секој час.
  • Свртете се кон здравата исхрана.
  • Правете редовни анализи на крвта и набљудувајте како вашето тело станува поздраво.
Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.