Дали сте знаеле дека пливањето во морска вода има ефект на капење во чудотворен коктел од минерални соли, кои му помагаат на вашиот организам подоцна успешно да се фати во костец со зимата.

За јакнење на организмот

 

Морската вода ги прочистува кожата и дишните патишта, ги јакне одбранбените механизми, ги масира мускулите и им ја враќа цврстината. Истовремено таа делува како природен аеросол за носото и грлото. За време на престојот на море стручњаците советуваат да одделите секој ден по најмалку 20 минути за прошетка покрај морскиот брег, по можност во раните утрински часови, или пред заоѓање на сонцето. Во воздухот кој така го вдишувате се наоѓаат микроскопски честички морска вода, кои како најприроден инхалатор ги прочистуваат дишните патишта.

 

Не трчајте под туш

 

Доколку имате среќа да го минувате одморот во некое помало и зафрлено место на брегот на морето, каде водата и воздухот не се загадени, кога ќе излезете од вода немојте веднаш да трчате да појдете под туш со слатка вода. Почекајте прво да се исушите на сонце: минералните соли од морската вода ја дезинфицираат, чистат и јакнат вашата кожа, а мозолките и акните исчезнуваат за само неколку дена.

 

Вежби во вода

 

Интересно е што една вежба во морето има ист ефект како 12 вежби на суво. Морската вода делува како справа за вежбање, бидејќи создава отпор и максимално ги ангажира мускулите. Со движењето низ вода се трошат седум калории во минута, се стимулира циркулацијата и се јакнат ѕидовите на вените. Ако сакате да се ослободите од целулитот, секојдневно пливајте или одете во вода до висина на градите, најмалку по 40 минути (20 минути наутро и 20 минути навечер).

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина