Користењето на компјутер доведе до појава на една од најчестите модерни болести РСИ, која опфаќа цел еден спектар од болести и оштетувања, од напнатост на вратните и грбните мускули, болки во зглобовите, до синдромот на карпален канал, односно стеснување на просторот околу тетивите кои ја поврзуваат подлактицата и дланката. РПИ болестите се појавуваат во денешницава, бидејќи додека користиме компјутер, повторно и повторно ги повторуваме истите движења на дланката, а нашето тело зазема положба која е далеку од природната.

Како очите и мозокот се борат со читањето од компјутерот

На електронскиот текст очите и мозокот реагираат поинаку отколку на печатен текст. Знаците на компјутерот се најјасни во средината, додека кон краевите на екранот нивната јасност се намалува, поради што несвесно слабее можноста за јасно гледање одблизу. По одредено време, текстот повторно се гледа јасно, но поради тоа се напрегаат очните мускули, доаѓа до замор и пецкање во очите.

На употребата на компјутер најчувствителни се децата, посебно оние помали од 14 години, кои интензивно се развиваат, кај кои посебно штетно делува, па може да дојде до слабеење на видот, напрегање на одделни вратни и грбни мускули, што предизвикува главоболка, болки во вратот, а може да доведе и до деформитет на рбетниот столб.
Не постои во универзална смисла временско ограничување на работењето на компјутер за возрасните, бидејќи неговата употреба е разновидна. Сепак, при повеќечасовна употреба на компјутерот неопходни се паузи на секој еден час. А, кај децата тоа време не е повеќе од два часа дневно. Понатаму, поради компјутерскиот маус, зглобот на раката е постојано во иста положба, па тоа доведува до воспаление на тетивите и слабеење на циркулацијата.

Кога се работи за очите, ако го користиме компјутерот два до три часа, очите реагираат така што стануваат суви, се заморуваат, текстот се замаглува, па дури и почнуваат да болат.

kompjuter2

Компјутерот и тенискиот лакт одат заедно

Тетивите на подлактицата се напрегаат како последица на повторувањето на истите движења со рацете. Се јавува болка од надворешната страна на подлактицата, а оваа појава се нарекува тениски лакт. Наречен е по тенисерите, затоа што за време на еден меч тие исто така изведуваат голем број исти движења со рекетот. Прво се јавува воспаление во овој дел од раката, а подоцна доаѓа и до калцификација. Се воспалува и вратниот дел од рбетот, поради тоа што зазема неправилна положба и што е постојано затегнат. Сето тоа доведува до болки, главоболки и вртоглавици.

Како треба паметно да се користи компјутерот ?

Во светот на технологијата до информации може да се дојде и на паметен начин:
користете ергономски стол и ергономска тастатура, кои можат да се подесуваат и да му дадат на телото оптимална положба
светлото во просторијата во која работите треба да биде послабо од вообичаеното, а дневното светло ублажете го со завеси

почесто трчајте
на секои 30 минути тргнете го погледот од екранот и пет до десет минути фокусирајте се на некој предмет во далечина
на секој час правете пауза од 10 минути, а ако секој ден користите компјутер, паузата треба да трае еден час и половина
правете вежби со истегнувања, неколку клекнувања и секогаш движете ги рацете
со вежбање од половина до 45 минути ќе ги отстраните сите последици и ќе ги сочувате здрави срцевиот и васкуларниот систем

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина