Одредени намирници не одат со одделни лекови, затоа обратете внимание на тоа што треба да исфрлите од нив и кога.

Алкохолот и медикаментите не се добар ,,пар,,. Ова посебно се однесува на антидепресивите, бидејќи предизвикуваат поспаност. Дури и таблетите на валеријана можат да претставуваат пречка за една чашка алкохол.

Житарките и зеленчукот го забавуваат делувањето на антидепресивите. Храната богата со влакна може да го промени делувањето на трицикличните антидепресиви, како и молекулите на некои лекови за епилепсија и кардиотоници за срцеви проблеми. Влакната го забавуваат апсорбирањето на лекот во цревата, поништувајќи го неговото делување.

Витаминот Ц и дигестивите не би требало да ги комбинирате со антианемиците, бидејќи тоа може да ја го поремети нивото на железо, а постои опасност и да дојде и до труење.

Млекото и млечните производи го поништуваат дејството на антибиотиицте и го слабеат делувањето на лековите против воспаление.

Внимавајте и со овошјето, посебно со сокот од грејпфрут, бидејќи материите што ги содржи ја зголемуваат концентрацијата на антихистаминиците во крвта и кај седативите кои се користат при проблеми со притисокот.

Употребата на солта во комбинација со таблети за срце ќе го зголемат притисокот. Големата количина на калиум, кој е значително застапен во морската сол, може да предизвика срцева аритмија.

Ако ви се препишани барбитрати (против депресија, анкциозност, поремеетување на спиењето), одбегнувајте да консумирате намирници кои се богати со Б12, како што се црн дроб, бубрези, морски плодови или пивски квасец. Мешањето на овие супстанции може да го уништи дејството на терапијата.

Кога станува збор за интеракцијата на храната и лековите, воглавно се разгледува влијанието на одделни хранливи материи врз терапевтскиот учинок на лекот. Пациентите најчесто ги прашуваат докторите или фармацевтите кога да земат одреден лек (пред или по јадење), но многу ретко прашуваат кој вид на храна треба да ја одбегнуваат притоа. Малку се знае дека кај земањето на одредени лекови треба да се обрати внимание на изборот на намирници, бидејќи тие можат да делуваат врз одделни состојки на лекот и да доведат до несакани, па дури и опасни по живот последици. Ова го нарекуваме интеракција на храната со лековите. Постојат неколку вакви интеракции, но воглавно се разгледува влијанието на одделна хранлива материја врз терапевтскиот учинок на лекот.

Ефектот од интеракцијата на храната и лековите може да биде индивидуално различен, а зависи од дозата на лекот, возраста, полот, составот на оброкот и нутритивно-здравствената состојба на поединецот. За развој на интеракција најподложни се постарите луѓе, децата, адолесцентите,потхранетите луѓе и хронично болните. Посебно се загрозени постарите лица, со оглед на тоа што не ретко земаат многу идови пропишани лекови, но и поради нивната зачестена употреба. Во оваа старосна група слабее функцијата на бубрезите и на црниот дроб, што предизвикува послаба елиминација на лековите од организмот. Како резултат на тоа, лековите подолго се задржуваат во организмот и така ја засилуваат можноста за несакани пропратни појави.

Така, намирниците богати со калиум (банани, домати, компир) не треба да се консумираат во поголеми количини кога се користи диуретик, кој го ,,штеди калиумот,,, бидејќи доаѓа до преголемо насобирање на тој минерал во организмот. Помалку е познато дејството на кафето, чајот и кока-колата кај оние лекови пропишани за лекување на астма или бронхитис. Овие лекови го отежнуваат матаболизмот на кофеинот, кој поради подолгото задржување го забрзува срцевиот ритам и претерано многу го стимулира централниот нервен систем.

Дури и витамините и минералите, за кои преовладува мислењето дека се безопасни, можат да се врзат со некои лекови и да предизвикаат невообичаени реакции во организмот (тешкотии во дишењето, слабост, повраќање, опстипација или дијареа).

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина