Сега дефинитивно не може да постои изговор да не вежбате. И најзафатените можат да одвојат 7 минути за овие ефикасни вежби и да го направите своето тело поздраво.

Екипа стручњаци и истражувачи од Орландо, Флорида (Human Performance Institute Orlando) промовирала повеќе од корисна и ефикасна програма за рекреација која трае само седум минути.

Стручњаците од овој институт тврдат дека на секое здраво тело му се потребни 150 минути лесни вежби неделно (или 75 минути поинтензивни) со два тренинзи со кои се јакне мускулатурата (два пати неделно). Ваквата ,,здрава,, програма ве прави посилни, но и го јакне срцето и прави повеќе да користите кислород.

Оваа седминутна програма за кратко време стана главна тема пред се меѓу оние кои се премногу зафатени на работа. Илјадници во својот секојдневен живот ги имаат внесено овие групи вежби и тврдат дека тоа досега тоа е најдоброто и најефикасното што го пробале до сега.

Секоја вежба се прави по 30 секунди. Помеѓу секоја направете пауза по 10 секунди. Ако сакате, можете секоја серија од 12 вежби да ја повторите два или три пати.

Скокови, чучнувања и склекови (дозволени се и “женски склековина колена), “стомачни” (со главата поставена во неутрална положба), трчање во места (со високо кревање на колената) или за оние на кои не им годи трчањето одење во место, исчекор, спуштање на раце и издржување.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина