Анкциозноста, поради темпото и начинот на кој живееме, стана составен дел од нашето секојдневие. Нејзините симптоми се чувство на загриженост, паника, нервоза, напнатост, чувство дека сме пред нервен слом и под константен стрес. Значи, се манифестира преку низа телесни психички симптоми, кои се јавуваат во ситуации кога се чувствуваме загрозено и сметаме дека постои опасност и страв од исходот на некоја ситуација. Еве неколку начини како може да се ублажи анкциозноста или дури да следи и целосно ослободување од неа.

Опуштање на мускулите

За таа цел денес може да се пронајдат мобилни апликации и бесплатни онлајн вежби, кои ќе ја намалат загриженоста и грчот и кои помагаат полесно да заспиете и да се будите одморени и расположени.

Вежба за дишење

Доколку изворот на анкциозоста е некој психолошки проблем, целата ситуација може да се олесни со длабоко дишење. Така ќе го смирите нервниот систем. Доволно е вдишувањето да ви биде долго околу 4 секунди, да го задржите здивот 2 секунди и потоа да издишите за околу 6 секудни.

Направете хиерархија на реалните чекори за ослобидување од некои фобии

Тоа нека биде список на реални потези кои може да ги направите со цел да се ослободите од некој страв и потоа чекор по чекор почнете со нивно решавање. Повторувајте ги чекорите и продолжете го времето на траење на процесот додека не го искорените проблемот.

За грижите “одвојте” само по 15 минути дневно

Запишете ги сите грижи кои ви задаваат проблем и кои не ви даваат мир. Ставете ги во замислена кутија. Потоа, дневно одвојувајте по 15 минути за да размислувате за нив, а остатокот од денот практикувајте “worry-free” стратегија.

Соочете се со стресот

Најдете ја својата стратегија за тоа. Сите ние сме различни – некој веднаш ги решава проблемите, некој бара поддршка од околината, некој чита за проблемотСите овие можат да бидат добри стратегии, но понекогаш можеби не ги користиме на најдобриот можен начин, па затоа треба добро да размислиме која е најдобрата за нас и неа и да ја применуваме.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина