Кожата околу очите е тенка и деликатна. Иако ставањето на крема под очите е неопходно, доколку тоа не се прави како што треба само правите повеќе штета отколку полза.

За да извлечете максимум од кремата за под очи, мора да се придржувате до следниве правила:

1. Нанесувајте ја кремата исклучиво на коската околу очите

 

Со чисти раце, нежно притиснете ја кожата под очите, се додека не ја пронајдете коската на врвот од јаболчниците. Формулата на овие креми е наменета токму за овој дел.

2. Не нанесувајте ја кремата преблиску до трепките

 

Секој пат кога ќе трепнете, вашите трепки ќе ја соберат микроскопската количина од кремата, која на крај ќе стигне до вашите очи. Се што ќе влезе во окото може да го изиритира и да предизвика непотребна надуеност.

 

3. Користете само мала количина крема

 

Кремата која сте ја ставиле преку капаците може да заврши во окото, бидејќи нема каде да оди на друго место. Кога се прозевате, солзите ја поместуваат кремата, а кога ги триете очите, ќе ја утапкате со прстите. Гледајте да го оставите чисто делот околу окото и кремата нанесувајте ја само на коската под окото.

 

4. Одбегнувајте маслени состојки

 

Кога бирате крема за очи, треба да одбегнувате две состојки минерално масло и петролатум. Овие тешки масла можат да го притиснат деликатното ткиво на кожата околу окото и со тек на време да ги ослабнат влакната на еластинот и така да доведат до појава на брчки.

Исто така, во текот на ноќта, кремата со овие состојки може да заврши во окото и наутро да предизвика надуеност.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина