nesigurnost_1

Сите ние понекогаш сме несигурни во себе. Прекумерната несигурност не спречува да се препуштиме и да уживаме во животот. Честопати неизвесноста носи повеќе штета, отколку корист. Животот се менува и ништо не е сигурно, но доколку сте психички силни, ќе можете да ги надминете тешкотиите и да им се радувате и на најмалите ситници. Победете ја несигурноста во само неколку чекори, кои ние ви ги откриваме подолу.

Научете да бидете објективни

Доколку не можете да исполните одредена цел, задача, на момент замислете дека сте некој друг. Доколку сакате да бидете поорганизирани, запишете ги обврските на хартија. Смирете се. Запрашајте се зошто вие не сте доволно добри за да направите нешто. Немојте да размислувате негативно и да си кажувате себеси дека сте неспособни. Наместо тоа, размислете што би можеле да направите за да ја постигнете вашата цел. Клучот е да откриете изворите на несигурност. Запрашајте се: “Што е најлошото што може да се случи?” Бидете реални кога ќе рзазмислуватеза вашите одговори. Лесно е во главата да ги замислите најлошите можни сценарија. Немојте да паничите кога ќе почнете да размислувате за најлошитеможни сценарија, запрашајте се дали такво сценарио е навистина можно или пак е само производ на вашата имагинација. После тоа, запрашајте се: “Што е најдоброто што може да ми се случи?” Мислете позитивно и бидете објективни.

nesigurnost_2

 

Научете да бидете свесни за своите квалитети

Несигурноста често потекнува од преголемите очекувања. Кога ќе се фокусирате на вашите лоши страни, ги игнорирате своите позитивни карактеристики. Доколку сте престроги кон себеси,веројатно тешко ќе успеете да се цените себеси и ќе станете несигурниво себе и своите квалитети. Обидете се со една едноставна вежба – секој пат кога ќе се сетите на една ваша негативна особина, веднаш потсетете се и на две свои позитивни особини. На пример, доколку си го изгоревте јазикот бидејќи не го оладивте доволно чајот и си кажете себеси дека сте идиот, веднаш потсетете се дека имате убава коса и одлично играте тенис. Ова може да звучи чудно, но доколку се пофалите себеси ќе го смените и својот став.

Одржувајте ги пријателствата

Обрнете внимание на тоа со кој се дружите и обрнете внимание на ставовите на вашите пријатели за другите и за самите себе. Доколку забележите дека вашите пријатели се склони кон критикување на вашето облекување, тело, одлуки, однесување, тогаш можеби е подобро да побарате други пријатели, кои нема да критикуваат се што правите. Во ред е да имате пријатели кои искрено ќе ви кажат што мислат, но доколку сте опкружени со премногу негативност, и самите ќе бидете негативни. Пријатели нека ви бидат личности кои го бараат најубавото во себе и личности кои не се склони кон секојдневно осудување на другите.

Опростувајте им на другите

Немојте да си дозволувате да ви прејде во навика да ги критикувате другите. Доколку навистина го осудуватетуѓите ставови, запрашајте се зошто тоа всушност го правите. Честопати ги осудуваме другите заради своите сопствени несигурности и за тоа ние подобро да се чувствуваме, а всушност – се понижуваме себеси и ја издаваме својата несигурност. Наместо да критикувате, дадете им поддршка на другите – не само што ќе стекнете пријатели, туку на тој начин ќе покажуватеи дека се цените себеси. И запомнете, само затоа што некој прави нешто поинаку од вас и не живее на начинот на кој вие живеете, не значи дека тој го прави тоа погрешно.

Секој ден направетеедна работа која ве прави среќни

Тоа не мора да биде ништо посебно – прошетајте се во омилениот дел од градот и разгледајте ги бутиците со облека, испијте кафе во убавата градина од омиленото кафуле. Морате да се цените себеси, за да ве ценат и другите.