Една од заедничките цели на сите оние кои одат во теретана е да се ослободат од вишокот масти. Колку помалку масти има во телото, толку се повеќе изразени мускулите. За да можеме да ја видиме таа мускулеста мускулатура, треба да се намали нивото на телесни масти, кое ги прекрива мускулите.

Како да се одреди процентот на масти во телото?

Еден од најпрецизните и најевтини методи за мерење масти во телото е со помошта на калипер. Секако, постојат и други методи за мерење на телесните масти (деха скенирање, подводно мерење, биоелектрична импеданса). Калиперот е направен така што да може да ја штипне телесната маса и да ја измери нејзината количина под кожата. Тестовите на штипење може да бидат различни, но препораката е да се прават од 4 – 7 тестови со калипер. Конзистетноста на ова подразбира мерењата да се вршат секојпат на ист начин и под истите услови. На пример, мерењето се прави веднаш по будењето наутро и одењето во тоалет. На тој начин се одбегнуваат осцилациите кои настануваат во текот на денот и кои влијаат врз конечниот резултат од мерењето.

Кој е идеалниот опсег?

Броевите кои ја покажуваат количината на телесни масти не се фиксни и егзактни, ниту е можно да бидат идентични кај различни луѓе. Сепак, сознанието за тоа каде сте моментално може да помогне во следењето на целокупниот напредок, односно за движењето кон некоја крајна цел.

За мажи:

  • Бодибилдери во преднапреварувачка форма: 3-4%
  • Многу изразени стомачни мускули: 8-10%
  • Атлетски изглед со основна дефиниција: 12-15%
  • Без дефиниција: 15% и нагоре

За жени:

  • Бодибилдерки во преднапреварувачка форма: 8-12%
  • Натпреварувачка фигура: 15-17%
  • Витко и тонирано: 17-20%
  • Без дефиниција: 20% и повеќе

procent-na-masti1

Овие бројки не се дефиниција и тотален крај. Некои мажи имаат подебели мускули на стомакот, кои се видливи и преку поголема количина масти во телото. Истото ова се однесува и за жените. Некои жени ги складираат мастите на делови кои не се видливи, додека други можат да имаат мало отчитување со видливи масти на одделни делови од телото. Но, што доколку се има премалку масти во телото? Како што е познато од искуствата, премногу нешто не е никако добра идеја. Со премногу масти се појавуваат еден куп медицински проблеми. Но, што се случува во спротивната ситуација? Дали премалку масти во телото се исто така проблем? Како и да ви звучи, телесните масти играат важна улога во нашите животи. Мастите лачат хормони кои го регулираат апетитот, чувствителноста на инсулин и контролата на телесната тежина. Маста воедно е и облик на складирана енергија, но и изолациски материјал кој има улога да не загрее и да обезбеди амортизација на виталните органи. Маста, исто така, е задолжена за апсорпција на витамините А, Д, Е и К. Со намалено ниво на масти во телото може да се појават следниве здрваствени проблеми: хормонски нарушувања, намалено либидо, високо ниво на кортизол, побавен метаболизам, недостиг на енергија и постојано чувство на студ.

Намалување на процентот на телесни масти

Сега кога ја знаеме важноста на сите улоги кои ги имаат телесните масти во нашето тело, може да се разгледаат и побезбедните начини за да се намали процентот на истите. Во тој поглед, најважно нешто е начинот на исхрана, односно диетите. Она што го гледаме во огледало е 80% од она што е составен дел од нашите навики во исхраната. Прво, треба да се утврди колку калории дневно треба да се внесуваате. Одлична идеја е 3 дена да водите комплетен и детален дневник за исхраната и во текот на тие 3 дена да запишувате се што ќе изедете и испиете. Тука вклучете ги вредностите на протеините, јагленохидратите и мастите, бидејќи вредноста на овие макронутритиенти е најважна во нашата исхрана. На крајот од 3 ден соберете ги овие вредности и поделете ги со 3. Добиениот број ќе биде просечниот број на калории кои ги внесувате на дневен план. На пример, ако внесувате 2000 калории дневно со 200 гр. протеини, 50 гр. масти и 310 гр. јагленохидрати, ова е доволна количина за одрржување на вашата постоечка телесна тежина. Од тој број треба да се одземат 200 калории и да се започне ао процес на слабеење, односно на губење на телесните масти. На таков начин ќе можете прецизно да ги одредите броевите на почетокот на процесот на губење на мастите. Следниот важен фактор е да не го намалите бројот на калори премногу и пребрзо.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина