Масажите, топлите купки и нестероидните антиреуматици помагаат да исчезне силната болка која се јавува во мускулите после вежбањето.

Воспалението на мускулите е неизбежно кога одненадеж ќе решите да бидете физички активни, а потоа во тоа и ќе претерате. Болката во мускулите е често толку непријатна што го отежнува дури и движењето.

Претераната мускулна активност доведува до пореметувања во контрактилните мускулни единици и на отоци на мускулните влакна и развој на воспалителен процес. Воспалението обично се случува набрзо по интензивното вежбање и не доводува до посериозно нарушување на здравјето и трае до 72 часа.

Во зависност од интензитетот на воспалението, се разликува и степенот на болка, а бидејќи се работи за многу непријатно чувство, најчесто сите се обидуваат да го решат што е можно поскоро.

 

Според експертите, масажата, топлите купки и нестероидните анти-инфламаторни лекови (НСАИЛ) можат да помогнат во намалување на болката во мускулите после интензивна физичка активност. Лековите од групата на нестероидни антиинфламаторни лекови познати како антиревматици, се лекови имаат анти-инфламаторен ефект и доведуваат до намалување на воспалителниот процес во мускулното ткиво и, следствено, до намалување на болката. Лековите од оваа група не влијаат негативно врз мускулното ткиво и не ја намалуваат брзината на регенерација на ткивата.

Масажите се исто така еден од подобрите начини за да го намалите воспалението, но ако немате доволно пари за нив, а ниту еден од домашните не знае добро да ги изведува, подобро е да не ги применувате. Сепак, она што може да се направи во домашна варијанта е третирањето со облоги. Доволно е да натопите памучна крпа со јаболков оцет и да ја заврзете околу воспалениот мускул. Облогата држете ја околу 20 минути и, доколку е потребно, повторете ја постапката неколку пати во период од четири часа, се додека болката не исчезне. Локално може да се применат одредени гелови кои доведуваат до надразнување на криорецепторите и го спречуваат минувањето на импуслите на болка до мозокот. Гелот треба благо да го втриете и не треба да го масирате делот каде се нанесува.

Се смета дека зголемениот внес на кофеин, исто така, може да ја спречи или ублажи мускулната болка после интензивна физичка активност. Во литературата се содржат податоци дека ѓумбирот ја намалува болката во мускулите, но не постојат значајни студии кои ја потврдуваат неговата ефикасност.

 

Лечење во када и под туш

 

 

vospalenie_2

 

 

Болките во мускулите може да се ублажат и со комбинација од вода и сол. Во кадата, која претходно сте ја наполниле со топла вода, растворете килограм морска сол и да капете се 15 минути. По купката, легнете на кревет и покријте се. Некои применуваат наизменично ладење и затоплување на мускулите (туширање со топла вода), при што се зголемува циркулацијата и воспаление на мускулите побрзо се лечи.

 

Превенција

 

 

  • Во тренингот вклучувајте се постепено, така што вежбањето ќе го дозирате и постепено ќе го зголемувате
  • За време на вежбањето, внесувајте повеќе течности, најдобро оние богати со електролити
  • Истегнување (пред / после вежбање) или загревањето пред вежбањето не ја намалуваат можноста за појава на болки во мускулите после преголемата физичка активност. Сепак, адекватното истегнување на мускулите ги подготвува мускулите за мускулни напори и ја намалува можноста за нивни повреди за време на вежбањето.
  •  Додека трае болката во одредени мускулни групи, акцентот на вежбањето ставете го на други, помалку користени мускулни групи кои не ве болат.
  • Некои применуваат ладење и загревање на мускулите (туширање со топла вода), при што се зголемува циркулацијата