Зимата може да биде предизвикувачко време за многумина од нас. Со постуденото време опаѓаат сопствените природни сили за одбрана од инфекциите. Во зима заморот е наш чест придружник. Присутна е и потребата за посилна храна, за да се задржи топлината на телото, а тука се и бројните празници со полни трпези. Организмот станува се повеќе кисел, дополнително се оптоварува со токсини, кои се големи крадци на енергетските залихи, поради што целиот одбранбен систем се исцрпува.

Да не ја занемариме и психолошката сфера деновите се покуси, се помалку има сонце и како се повеќе да не исполнува тенденцијата за повлекување од животот. Ова е вистинско време за да го слушнеме организмот и да обратиме внимание на некои едноставни, сосема достапни нешта кои ќе го зајакнат и физички и емоционално. Тогаш телото со благодарност ќе не спроведе до времето кога пролетта повторно ќе се расцвета.

Во средина на нашите гради се наоѓа жлездата тимус, која е од витално значење за имунолошкиот систем и целокупното здравје. Кај новороденчињата и децата тимусот е добро развиен, а по пубертетот доаѓа до негова инволуција и претворање во масно ткиво. Тимусот ги произведува Т-клетките кои штитат од инфекции, а по пубертетот неговата ефикасност почнува да опаѓа. Некои теории говорат дека тоа може и да биде причината зошто постарите луѓе се почувствителни на ракот.

Една сосема едноставна техника, т.н. тапкање во точката на тимусот 20-30 секудни, со длабоко рамномерно дишење, доведува до балансирање на протокот на енергија во меридијанскиот систем, ја хармонизира функцијата на левата и десната хемисфера на мозокот, ја подобрува состојбата на присутност во активноста во која моментално се наоѓаме. Познато е дека, кога тимусот е слаб, личноста е безволна и дури изостанува и потребата за да е чувствува добро. Познатиот ендокринолог Ханс Сели, автор на теоријата за стресот, докажал дека хроничниот стрес доведува до собирање на тимусот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина