Секоја жена има барем по една танга во својата долна облека. Овој модел на гаќички овозможува да не се оцртуваат рабовите на долната облека преку облеката и е многу погоден за разни прилики. Сепак, треба да бидете внимателни и свесни за сите предности и маани на ова парче долна облека.

Кога се работи за долна облека, најдобар избор отсекогаш биле природните материјали, како што е тоа памукот. Ова правило посебно е важно кога се работи за тангите. Памукот е нежен за кожата и дозволува на влагата да испарува, која во спротивно би можела да предизвика развој на бактерии, а истражувањето покажало дека иритацијата и чешањето се повлекле откако испитаничките ја замениле синтетичката долна облека со памучна.

1. Поудобни се
Во категоријата на удобност, обичните гаќички апсолутно ги надминуваат тангите. Не се ,,завлекуваат,, на непријатни места, не иритираат и не создаваат болно црвенило.

2. Идеален ,,партнер,, се за време на менструација
Секогаш даваат меко чувство на сигурност за време на менструација. Носењето тампони и влошки само по себе е непријатно, па поради сето тоа не ни е потребно уште и да размислуваме дали некаде ќе ни се појави непријатна дамка. Затаа памучните гаќички се совршен сојузник во борбата со несаканите дамки и воедно најудобен модел на гаќи која една жена може да го носи за време на менструацијата.

3. Лесно се одржуваат
Тангите спаѓаат во категоријата на чувствителна долна облека, па мора да внимате кога ги перете. Ситни се и многу лесно можат да се ,,загубат,, за време на перењето ако не ги ставите во посебна мрежичка, а тогаш не се перат онолку добро како што би требало. Памучната долна облека може да се пере на разни температури. Белите без размислување можете да ги ставите и на 90 степени и да ги ,,сварите, а можете да ги перете и на пониска температура.

 

4.Подобри се за здравјето
Долната облека треба да биде бариера помеѓу нашите интимни делови и облеката, која воглавно е груба и може да иритира. Поради тоа обичните гаќички имаат уште еден плус споредени со тангите. Имено, тенката лента на тангата е позиционирана точно помеѓу анусот и вулвата. Потојано е во движење, па така многу лесно ги пренесува бактериите од анусот до уринарниот тракт и вагината. Поради тоа гинеколозите не им советуваат на оние жени кои се склони на чести уринарни инфекции да носат танга и им советуваат да бираат обични памучни гаќички.

5. Не ги ,,задушуваат,, интимните делови од телото
Обичните гаќички се прозрачни и им даваат воздух на нашиот најинтимен дел од телото. Тангите и другите секси гаќички често се изработуваат од материјали кои не се прозрачни или делот меѓу нозете е само изработен од памук, а другиот дел е направен од синтетички материјал. Токму тие делови не го пропуштаат воздухот, па тоа прави да се насобира голема количина влага, која е погодна за развој на инфекции.

Тагови: хигиена
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина