Со едноставната, но ефикасна вежба, која потекнува од Кина, Јин ји ду ли, можете да имате многу ефикасно позитивно влијание врз следните неколку децении од животот. Како и другите поими од кинескиот јазик, и овој има сликовно значење и значи: „Златен петел стои на една нога!Многу боречки вештини го користат овој став за фронтален и страничен напад. Ние нема да напаѓаме, туку ќе се обидеме да останеме мирни и исправени, за наше добро. Кинезите имаат многу напреднато во познавањето на човечкото тело. Охрабрувачки е да се знае дека честото и секојдневно вежбање на оваа техника може да ви помогне да го развиете сопственото чувство на рамнотежа. Можеби на многумина оваа вежба ќе им биде тешка, бидејќи треба да ја прават со затворени очи, па доколку имате повеќе од четириесет години, тоа ќе ви биде „аларм за тревога“. Бидејќи, ако имате четириесет години, а не можете со затворени очи да држите рамнотежа повеќе од 10 секунди, тоа значи дека имате тело на шеесетгодишен. Губењето рамнотежа кажува дека е нарушена енергетската поврзаност помеѓу нашите внатрешни органи и дека нашата биолошка старост е поголема од хронолошката, т.е. дека организмот е постар од своите реални години. Јин ји ду ли ја јакне оваа енергетска поврзаност и го забавува стареењето. Патем, ,,оваа терапија ,, воопшто не чини ништо и можете да ја правите дома. Треба да одвоите само 2 минути дневно.

Еве како се изведува оваа вежба:

Застанете во стоечки став, со споени стапала, исправен грб и малку истегнат врат. Вдишете и издишете 2-3 пати и потоа подигнете ја едната нога (како на сликата).

Помислата дека вежбата е лесна за изведување не е воопшто точна. Кај повеќето луѓе, долгото стоење на една нога, плус со затворени очи, прави да почнат да се нишаат и скокаат, и не можат да ја одржат рамнотежата ни 3 секунди.

Ако по малку мамите, па ја правите со отворени очи, ќе биде лесно, но правилно се изведува само со затворени очи. Не морате високо да ги подигате нозете и немојте веднаш да се обесхрабрите ако за миг ја загубите рамнотежата. Почнете со онолку колку што можете, па со тек на време можете да станете посигурни. На почетокот доволни се 5 секунди да одржите рамнотежа. Поради безбедност, можете да застанете и покрај ѕид. Од 5 секунди, со редовно вежбање, можете да стигнете до 2 мунути на ден (по 1 минута за секоја нога). Ако вашите внатрешни органи не се во хармонија, дури и мало подигање на нозете ќе доведе да почнете да се нишате.

 

jinjiduli1

 

Во што е користа од јин ји ду ли?

Оваа вежба помага за:

  • Ја спречува деменцијата (зачувување на здравјето на мозокот) и помага во лекувањето на многу болести, како што се хипертензијата, шеќерната болест и заболувања на вратот и половината, гихт, го поправа имунитетот и е основен лек за ,,студени нозе,,.
  • Колку подолго можете да стоите, ќе забележите дека се повеќе ќе го подобрувате квалитетот на спиењето, меморијата и јасноста на размислувањето.

  • Рамнотежата во овој став се пренесува и на внатрешните органи, ги регенерира телото и умот, во согласност со биолошката старост.

Бенефитите од оваа вежба стручњаците ја објаснуваат со тоа што низ нашите нозе минуваат шест важни меридијани. Па, затоа кога стоиме на една нога, се подобрува функцијата на меридијаните и на соодветните функции. И здрави луѓе можат да ја вежбаат јин ји ду ли. Оваа техника е добра за секого. Посебно е корисно за младите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина