Јапонско јаболко – овошје за здравје и убавина
Јапонското јаболко е едно од типичните есенски овошја. На прв поглед многу наликува на домат, но всушност е многу послатко од него. Во традиционалната кинеска медицина, јапонското јаболко се користи за лекување кашлица, висок крвен притисок, изгореници, смрзнатини, крварења, па дури и парализи.
Антиоксидансите во јапонското јаболко
Во денешно време, се дошло до сознание дека јапонското јаболко поседува вистинско богатство од различни антиоксиданси, посебно феноли. Овие соединенија ги штитат ткивата од оштетувањата од слободните радикали и на тој начин помагаат да се намалат ризиците од хронични заболувања. Уште еден вид на антиоксиданс во јапонското јаболко се танините, кои делуваат антиканцерогено и антимутациски. Исто така, во него се најдени уште и каротини и аксорбинска киселина.
Антиоксидансите се хемикалии кои ги врзуваат слободните радикали и на тој начин ги штитат оштетувањата на клетките. Тие го забавуваат стареењето и го поофбруваат тенот. Освен тоа, делуваат и против неколку видови рак.
Од минералите, јапонското јаболко содржи натриум, фосфор, калциум, манган и цинк. Од витамините, тука се витамините А и Ц и исто така има и диетални влакна.
Одлично за губење на вишокот килограми
Јапонското јаболко има многу малку калории. Во 100 грама јаболка има околу 80 калории. Со оглед на тоа што има многу добар вкус, може да се јаде беа да се има чувство на вина. Исто така, има и диуретски особини.
Едно јапонско јаболко на ден за одлично здравје
Поради присуството на многу активни состојки во себе, јапонското јаболко го подобрува имунолошкиот систем. Ова ни помага да го поминеме транзицискиот период од лево во есен, кога температурите варираат значително. Јапонското јаболко ја подобрува функцијата на срцето и белите дробови, подобрувајќи го апсорбирањето на железо и денталното здравје.
Јапонското јаболко може да се јаде засебно или како дел од овошна салата. Одлично е и во комбинација со пилешко или додадено во смути заедно со банана, цимет, сок од портокал и ванила.


