Крвните групи се делат на четири групи: A, Б, АБ и 0 и два Рх фактори, а истите ги наследуваме од родителите. Низ годините истражувања, научниците и докторите дошле до заклучок дека врз основа на тоа на која крвна група и припаѓаме, постои и поголема шанса да имате одредени здравствени проблеми. Затоа е добро да се знае како можете со исхраната и со здрав начин на живот да го спречите она најлошото. Истражувањата за значењето на крвните групи за здравјето на луѓето долго време не се истражуваа научно, поради озлогласениот нацистички научник доктор Ото Рех, кој тврдел дека крвната група А е својствена за чистите ариевци, додека крвната група Б е за инфериорните ариевци. Сепак, бројни модерни студии покажуваат дека постои совпаѓање меѓу одредени болести и крвните групи, но и предностите кои ги носат.

Крвна група A – подолго плодни, но и склони кон пиење

Носителите на оваа група имаат поголем ризик да добијат рак на желудникот. Жените од оваа крвна група имаат најмало смалување на јајце-клетките, па е поверојатно дека тие можат да забременат и во постара возраст. Но, тие исто така имаат поголем ризик да добијат рак на желудникот, посебно ако пушат и консумираат алкохолни пијалоци. Постои поврзаност помеѓу крвната група А и склоноста кон алкохолизам, но и кон опсесивно компулсивните нарушувања.

Крвна група Бпоголем ризик за чир, но подобар метаболизам

Носителите на оваа крвна група имаат поголем ризик да добијат рак на панкреасот. Исто така, овие луѓе имаат поголем ризик од проблеми со помнењето, па и со појава на сенилност и Алцхајмерова болест на постара возраст. Исто така, склони се кон добивање чиреви и разни воспаленија предизвикани од бактерии поради забавениот одговор на имунолошкиот систем на инфекции. Сепак, за нив не е се толку црно, бидејќи генерално имаат побрз метаболизам, полесно градат мускули и подобро реагираат на вежбите.

Крвна група 0 – помал ризик за инфаркт, но и покуса плодност

Луѓето со оваа крвна група имаат за четвртина помал ризик од срцев удар и рак на желудникот. Имаат поголем ризик да добијат чир на желудникот предизвикан од бактеријата Helicobacterom pylori, а мажите од оваa крвна група се повеќе склони кон дебелеење. За групата 0 постои најмала можност да умрат од маларија, но затоа се ранливи на колера. Жените кои и припаѓаат на оваа група имаат двојно поголема веројатност да имаат помал број и полош квалитет на јајце-клетки, поради што можностите за зачнување се помали. Добра работа е тоа што оние со 0 крвна фрупа се многу отпорни на стрес – после некои трауматични настани, кај нив нивото на хормонот на стрес, кортизолот, најбрзо паѓаат.

Крвна група АБпосклони кон инфаркт, но имаат подобар вид

Како што пишува списанието Neurology, луѓето со крвна група АБ имаат поголем ризик од когнитивни оштетувања. Тоа посебно се однесува на оние во постара животна возраст, кои можат потешко да помнат и учат како што стареат. Жените од оваа крвна група имаат поголем ризик да добијат рак на јајниците, а трудниците имаат поголем ризик да развијат состојба на висок крвен притисок – прееклампсија. Припадниците на оваа група имаат исто така поголем ризик од срцеви болести и инфаркт, но и проблеми со варењето, како што е хроничен гастритис, Кронова болест и многу други. Сепак, истражувањата покажуваат дека кај нив по трауматични настани нивото на хормонот кортизол останува долго време постојан, што ги прави најмалку отпорни на стрес. Меѓутоа, тие се помалку склони на проблеми со видот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина