И понатаму не е познато за што се е способно нашето тело и како функционираат некои работи, но ова сигурно не сте го знеле за своето тело.

 

Концентрацијата ни трае пократко отколу на златна рипка

Едно истражување спроведено од компанијата Микрософт покажало дека луѓето можат да се пофалат со концентрација од неверојатни осум секунди. Само за споредба, златната рипка може да го задржи своето внимание дури неверојатни девет секунди. Но, не било така секогаш. Имено, пред пет години просечното траење на концентрацијата на луѓето изнесувала 12 секунди. Ваквиот пад на концентрацијата се препишува на забрзаниот начин на живот, скеојдневното бомбардирање со информации и наезадата од смрт телефони.

 

Со дишењето ги исфрлате масните наслаги

Според истражувањето на British Medical Journal од 2014 година, ние всушност маснотите ги исфрламе преку дишењето. Важи популарното мислење дека со вежбање маснотиите од телото се претвораат во енергија, но ова истражување докажа дека тоа не е точно. Резултатите од студијата покажале дека маснотиите кои ги трошиме за време на вежбањето се претвораат во јагледрод диоксид (84%) течност (16%).

 

Наутро сме повисоки

Дали сте знаеле дека постојат секојдневни мали варијации во висината? Имено, секое утро сте за барем еден сантиметар повисоки. Во текот на денот нашето тело, односно колена, почнуваат постепено да се стегаат, што влијае на висината на телото. По добар сон и одмор повторно сте повисоки, но во текот на денот почнувате да ја губите висината.

 

Потта нема непријатна миризба

Потта всушност нема непријатен мирис, но познатото смрдење е последица на делувањето на бактериите на кожата. Потта во комбинација со летните жештини создаваат идеална подлога за развој на бактерии. За да ја спречите оваа непријатна појава, треба обавезно да се туширате секојдневно, да носите облека од природни материјали, да одбегнувате претерано зачинета храна и редовно да ги остранувате влакната од под пазувите.

,,Крцкањето,, на прстите не предизвикува артритис

Со години научниците се расправаат дали крцкањето на прстите може да предизвика здравствени проблеми како што е артиритисот. Доколу и вие сакате да ,,крцкате,, со прстите, немојте да се грижите, бидејќи всушност и не постои истражување кое го поврзува ,,крцкањето,, со артритисот. Но, затоа може да ви ги оштети лигаментите, па затоа внимавајте.

 

facti-za-covekovo-telo2

 

Жанрот на филмот може да ве здебели

Колку ќе грицкате дома пред ТВ приемникот или пак во кино зависи од тоа каков жанр на филм гледате, откриваат истражувањата. Поголеми се шансите да претерате со грицките доколку гледате трогателна романтична драма, акционен филм или авантуристички, отколку ако гледате комедија. Тоа е затоа што сме склони да јадеме во ритамот кој одговара со ритамот на филмот.

 

Нашиот мозок генерира доволно струја за да напојува мала сијалица

Мозокот содржи околу 100 милијарди микоскопски клетки кои се нарекуваат неврони. Секојпат кога се смеене, сонуваме, мислиме или се движиме низ невроните минуваат милијарди хемиски и електрични сигнали. Активноста во мозокот никогаш не престанува. Невроните создаваат и испраќаат повеќе пораки од сите телефони во светот. И додека еден од нив создава само мала количина на електрична енергија, сите заедно можат да генерираат доволно електрична енергија за да напојат со струја светилка од 10 W.

 

Очите предупредуваат кога му студи на телото

Нашето тело има многу начини со кои не предупредува дека му е студено, а еден од највообичаените е тресењето. Но, кога температурите се толку многу ниски што ни се заканува сериозна опасност од хипотермија, нашите очи се тие кои ни испраќаат јасно предупредување дека влегуваме во критична фаза. Кога хипотермијата ќе стане сериозна закана, крвните садови во очите се собираат за да ја заштедат топлината. Ова предизвикува болка, чувство дека се суви, како да се полни со песок, па дури и привремено слепило.

 

 

Тагови: разнотело
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина