Истренирајте го својот тренер
Пристапот кон вашиот тренинг, во случај да не ги задоволува високите стандарди и да се состои од низа предвидливи, универзални чекори, може сериозни да ви го испразни паричникот, а притоа да не ви помогне да ги спостигнете своите фитнес цели. Но, доколку пристапот е правилен, инвестирањето на парите и времето ќе се исплати повеќекратно со тоа што ќе станете поподготвени, посилни и побрзи за кусо време. Еве некои совети од Том Истхем, еден од најдобрите лични фитнес тренери, за тоа како да постигнете одлични резултати со личен тренер.
Поставете си цел
„Пред да заминете во теретана со својот тренер, закажете еден консултативен резултат, на кој ќе се договорите за вашите цели. Тренерот треба да ве праша за вашиот животен стил, за да види колу сте активни, како и во врска со вашето искуство во вежбањето и типовите вежби кои ги преферирате. Ова ќе му/и помогне да осмисли план за тренинг кој ќе одговара на вашата сила, способност и склоност.,,
Зборувајте многу
„Комуникацијата е најважниот аспект на еден добар однос и затоа секогаш треба на тренерот да му ставите до знаење дека не уживате во некои вежби или во некоја фаза од тренингот. Ако нешто ве боли или не се чувствувате пријатно, од клучна важност е тоа да му го кажете на тренерот. Можно е да се работи само за замор, но понекогаш тоа може да биде почеток на некоја повреда, па затоа немојте да ризикувате.,,
Адаптирајте го својот тренинг
„Повикајте го тренерот на кус разговор, вон теретаната, на секој 4-6 недели, со цел да го анализирате својот напредок. Дури и кога се се одвива според планот, пожено е одвреме-навреме да се среќавате за да можете евентуално да го направите попривлечен тренингот и позабавен. А, ако не сте задоволни од напредокот, ова е одлична можност за да разговарате за тоа отворено и конструктивно.“
Следете го својот напредок
„Целта која сакате да ја постигнете може да биде единствена за вас. Можеби сакате да ослабнете, или да добиете мускулна маса, да станете посилни и побрзи за потребите на некој спорт или да постигнете сирова сила. Каква и да е вашата цел, постјат начини како да го измерите својот напредок, па затоа барајте тренерот да ве тестира. Ако сакате да загубите килограми, измерете го процентот на масти во телото. За да го измерите степенот на подготвеност, истрчајте 5 км најбрзо што можете, а ако сакате да станете посилни, измерете го потисокот од клупа (bench press).
Контролна листа на тренер
,,Состанете се со тренерот и утврдете ги своите цели пред тренинзите. Гледајте тренерот да ве праша за вашите неодамнешни повреди или болести пред првиот тренинг. Потоа договарајте состанок вон теретаната секој месец, за да дискутирате за напредокот. Ако не напредувате или не уживате во тренингот, разговарајте со тренерот за можни измени.,,