Многу стручњаци веруваат дека диетата може да има ефект само ако се бира целно: во однос на телесната градба. Само така може да се симнат вишокот килограми токму од оние места каде ги има повеќе. Затоа пронајдете го својот тип на градба, проверете дали сте јаболко, круша или песочен часовник и откријте каква исхрана треба да применувате за да ослабнете.

 

Тип на градба – јаболко: посното месо го топи салото од половината

 

Кај жените кои кога се дебелеат стануваат округли како јаболко, одвишните сантиметри се таложат во пределот на стомакот и половината, а најтешко можат да се загубат од колковите. Овој тип на градба носи ризик од некои тешки заболувања, како што се дијабетес и болести на кардиоваскуларниот систем. Сепак, редовното спортување и правилната исхрана можат да го спречат тоа. За вас идеално е трчањето во комбинација со скокови.

 

Режим на исхрана

 

  • Зголемете го секојдневното консумирање на храна богата со целулоза (житарки, мешунки).
  • Денот започнува со порција свежо овошје.
  • Намалете ја употребата на маснотии од животинско потекло.
  • Јадете посно месо, од слатки само суво овошје и мед, а од овошје исклучиво цитруси. Исто така е препорачливо да се внесуваат производи од соја, риба и ореви, бидејќи овие намирници делуваат поволно на кардиоваскуларниот систем.

 

И секако, колку што е можно повеќе течности – вода или растителни и овошни чаеви. Одличен е чајот од ѓумбир, кој се подготвува така што ќе се измешаат дваесет грама рендан ѓумбир со сок од еден лимон, па сето тоа се прелива со врела вода. Може малку да се додаде и црн пипер.

 

 

Тип на градба – круша: помалку скроб за поскладни колкови

 

Крушковидниот тип на градба се препознава по многу истакнатите колкови и поголемиот задник, тесната половина и тесните рамења. Не е правило, но жените кои се градени на овој начин честопати немаат големи гради. Силните колкови, навистина, го чуваат срцето, но затоа им е тешко да се ослободат од целулитот, а често патат и од артритис. Идеална рекреација за вас е медитацијата, со која полесно ќе се ослободите од стресот. Ако одите во теретана на посилен тренинг, задолжително јадете нешто пред вежањето, не потоа.

 

Режим на исхрана

 

  • Што помалку храна која е богата со скроб (компир, ориз…).
  • Одбегнувајте масно, но не одете во крајност.
  • Наместо да пиете сокови, јадете свежо овошје.
  • Јадете сирење со низок процент на масленост, риба, морски плодови, интегрален леб, интегрален ориз, зеленчуци.

 

Доматите го подигаат тонусот на кожата на колковите. Оваа корисна намирница содржи биокативни супстанции кои ја поттикнуваат регенерацијата на кожата. Освен тоа, сокот од домати го забрзува метаболизмот и го потпомага слабеењето.

 

Тип на градба – песочен часовник: килограмите лесно се топат

 

Овој тип на градба е најдобар. Жените чија фигура на градба потсетува на песочен часовник се многу складни, но се склони на дебелеење. Имаат тенка половина, а обемо на градите им е приближно ист со оној на колковите. За среќа, се дебелеат рамномерно и лесно го губат вишокот на килограми. Веројанто редовно вежбате, па само продолжете така, по можност со помали тегови, повеќе повторувања или занимавајте се со некој поинтензивен тренинг, по кој треба задолжително да пиете многу течности.

 

Режим на исхрана

 

  • Исфрлете ги слатките од исхраната, оревите исто така и авокадото.
  • Секој ден јадете храна богата со белковини: немасна храна – пилешки или мисиркини гради без кожа, јајца, млеко со низок процент на масленост и зеленчук.
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина