5 најнепријатни нус-појави од суплементи кои се земаат пред тренинг
Чувствувате како главата ви пулсира или како прстите и дланките ви трнат? Во продолжение ќе дознаете зошто суплементите и шејковите кои ги пиете некогаш прават да се чувстувате чудно и што треба да сторите во врска со тоа. Суплементите пред тренинг ги земаат вежбачи кои сакаат да ја подобрат својата ефикасност за претстојната тренинг сесија и да ја направат поефикасна. Зошто понекогаш може да почувствувате ужасна главоболка, чешање на дланките или силно потење? Безброј студии покажале дека овие видови на суплементи се безбедни само кога се користат кус временски период. И, навистина е докажано дека тие значително ја зголемуваат ефикасноста во теретана.
Сепак, ако се земе превид дека најголем дел од овие суплементи имаат во себе секакви соединенија, не е чудо што понекогаш телото може да реагира на неочекуван начин на некое од нив. Понекогаш решението кое го ублажува до некаде овој проблем е многу едноставно – треба само да се земаат со многу вода или да се одбере некој друг производ кој подобро ќе ви одговара. Во продолжение погледнете кои се овие нус-појави.
1. Суплементите земени пред тренинг можат да предизвикаат главоболки
Факт е дека во најголем дел од овие суплементи има разни вазодилататори или соединенија кои доведуваат до ширење на крвните садови. Ова се однесува исто така и на крвните садови во мозокот, што може да биде основна причина за појава на мигрени. Најраспространет вазодилататор е аргининот, аминокиселина која го зголемува нивото на азотен оксид во телото. Причината зад ова лежи во тоа што кога одмораме, мноштво васкуларни мрежи се уште не се отворени. Ако се отворат, теоретски, човек може да внесе повеќе хранливи материи или да се ослободи од отпадните материи поефикасно, поради поголемата количинана крв која циркулира. Некои суплементи (додатоци) ова го рекламираат како имање анаболички својства, така што доведува до зголемување на мускулното ткиво. Но, ако мигрените продолжуваат да бидат се поболни, треба да се консултирате со вашиот доктор и да размислите да се префрлите на суплмент кој не ја содржи во себе дадената супстанција. Затоа е многу важно да се читаат внимателно етикетите на производите, со цел да бидете сигурни дека друиот бренд не содржи вазодилататор кој може да доведе до истите нус-појави.
2. Можат да предизвикаат напади на несоница
Факт е дека повеќето од суплементите за пред тренинг се полни со кофеин, со цел да можат да ви дадат доволно енергија за да ги издржите напорните тренинг сесии. Општо е познато дека пиењето кофеин ги зголемува будноста и фокусот и помага да не држи будни, но малку е познато дека тој е исто така активатор на епинефрин и норепинефрин, т.н. “борба или бегство” хормони, оние кои ќе ве направат неверојатно полни со енергија додека се пробиваат низ вашето тело.
Кофеинот е активен во телото околу 3-4 часа, иако секоја индивидуа е различна во поглед на тоа колку брзо може да го метаболизира. Малкумина се оние кои немаат проблем да заспијат откако ќе земат пред тренинг суплемент полн со кофеин. Но, ако спаѓате во оние кои не го метаболизираат толку брзо, тој нема долго време да го напушти телото, што неизбежно како последица ќе има негативно дејство врз вашиот сон.
3. Можат да доведат до чешање во рацете и нозете
Во речиси секој тип на суплемент има две специфични соединенија, а тоа се бета-аланинот, добро познат стимуланс, и ниацинот, кој е уште попознат и како витамин Б3. Постојат многу докази дека бета-аланинот може да ви помогне да направите уште по некоја серија плус при тренирањето, без притоа да наталожите премногу млечна киселина во мускулите, што, пак, доведува до печење. Сепак, некои се посебно чувствителни на оваа супстанција и можат да почувствуваат пецкање или чешање. Оваа рекација е целосно безопасна и не укажува на тоа дека суплементот е токсичен или дека може да предизвика било каков посериозен проблем, освен само непријатност.
Второто соединение, ниацинот, се има покажано дека ако се консумира во дози повисоки од 500 мг, која е стандардното дозирање кај многу суплементи за пред тренинг, може да доведе до црвенило. Кожата поцрвенува и почнува да се чувствува чешање и пецкање. Некои компании намерно го ставаат во своите производи токму поради овој ефект, мислејќи дека комбинацијата од чувството на пецкање си кофеинот може да доведе до драматичен ефект кај дигачот на тегови додека вежба. Научниците исто така имаат докажано дека ниацинот има потенцијал да го спречи искористувањето на мастите како извор на енергија за време на вежбањето, што не се ни малку добри вести за оние на кои главна цел им е да го загубат вишокот на килограми.
4. Можат да предизвикаат пролив
Ова доаѓа како реакција на посебно соединение во самиот суплемент, иако најверојатно е резултат од неконсумирање доволна количина на вода при растворањето на суплементот. Многу често настанува поради тоа што во инструкците на производителот дозите кои се дадени за водата се многу мали, па суплеменот е многу густ. Кога се консумира таква густа течност, телото почнува да зема вода од другите делови од телото, за да може да го процесира. Тоа најчесто зема вода преку ѕидот на цревата, а тоа всушност ќе го преплави отворениот простор во рамките на цревата поради процесот на осмоза. Како резултат на тоа, ќе се зголеми количината на вода во цревната шуплина, што автоматски води кон дијареја. Ваквиот проблем може да се реши многу лесно со користење на поголема количина на вода при растворање на прашокот, пред неговото консумирање.
5. Можат да предизвикаат чувство на гадење кај некои луѓе
Главна причина за ова може да биде тоа што некои не го мешаат суплементот со доволна количина на вода или поради тоа што одредено соединение не може да биде толерирано од нивна страна (постои нетолерантност кон него). Најчудното нешто во сето ова е дека иритација може да прави која било состојка од бројните кои ги има во производот и дека сето тоа е индидуално – се разликува од поединец до поединец. Секогаш бидете на сигурно и мешајте го суплементот со поголема количина на вода од онаа која е препорачана на самиот производ. Ако тоа не го реши проблемот, тогаш со сигурност проблемот со гадењето е поврзан со некоја специфична супстанција во суплементот.