poznati1

И познатите звезди се само обични луѓе, и на нив тешко има паѓа тренингот и физичката активност. Но, тие не се откажуваат. Прочитајте ги и запаметете ги овие совети и трикови на славните за да се мотивирате себеси да почнете или продолжите да вежбате.

Кејт Хадсон

Секако дека една жена нема да стане во 6 часот наутро за да вежба, само за да си го поправи расположението. Најдете си друг мотив- на пример да влезете во омилените фармерки и да изгледате фантастично! Одлична мотивација, зарем не?

Кели Озборн

Бидете активни. Не ви е неопходна теретана за да вежбате. Трчајте, возете велосипед или речете си себеси – „вечерва ќе излезам, нема да пијам алкохол и ќе танцувам цела ноќ “- тоа би била одлична замена за тренинг.

Џесика Алба за тоа како да вежбате кога воопшто не ви е до вежбање:

Потрудете се да си го одвлечете вниманието од досадниот тренинг,така што истовремено ќе ја слушате и вашата омилена музика.

Еми Росум

Ако не ми годи да вежбам, сепак ќе се натерам себеси и ќе го направам тоа. Верувам дека едноставно тоа е нешто што би морало да го правите секој ден, за да изгледате и да се чувствувате убаво.

Бијонсе има интересен трик

Воглавно ја пуштам омилената песна на плеерот, ставам тегови од 2,5 килограми на рацете и се трудам да издржам до крајот на песната.

Луси Хејл за тоа како да го издржите тренингот

Нема шанси да вежбам без музика. Не сум од оние кои му се радуваат на тренингот и музиката ми помага да издржам.

Џенифер Лопез смета дека треба да се наградите себеси за успешниот тренинг

Понекогаш, кога ќе се вратам дома и не се чувствувам најдобро, се терам себеси да одам во теретана. После теретаната, одам дома, се туширам, облекувам некој убав фустан, се шминкам, си ја уредувам косата и после тоа едноставно се чувствувам добро!

Камерон Дијаз вели дека морате да бидете доследни :

Јас сум доследна. Кога не сум доследна, тоа се гледа на моето тело.

Хајден Пенетијет смета дека не би требало да се претерува со тренинзите:

Трчав секој ден по еден час. На крајот ми се смачи и се откажав.

Џулијен Хију за тоа како да го задржите ентузијазмот за вежбање:

Секој ден правам поинаков сет вежби, инаку би ми здосадило.

Хали Бери

Повеќе ги сакам 30-минутните интензивни вежби, отколку едночасовните тренинзи со помал интензитет. Освен теретаната, сакам да се занимавам со градинарство, ќерката и пријателите, па целата таа динамика допринесува до мојот изглед.

Зак Ефрон

Имам природно атлетска градба, но за потребите на филмовите понекогаш мора да додадам мускулна маса. Тогаш правам склекови, како и повлекување на шипката на лат машината и тоа во повеќе серии и со многу варијации.

Натали Портман

За да се подготвам за улогата во Црниот лебед, тренирав година дена пред воопшто да започнат пробите за филмот и тоа пет до шест дена неделно по два часа. Како што минуваа месеците, вежбав од пет до осум часа дневно, шест дена неделно.

Потоа, ми се додадоа и тренинзи за пливање и трчање, за да ја поправам издржливоста и стабилноста.