Многумина во глава имаат некој број кој го сметаат дека е нивната идеална телесна тежина. Од каде им е таа идеја? Некои, пак, гледаат во табелата со индексот на телесна маса, која пред 200 години ја има составено математичар со цел да ги карактеризира луѓето за потребите на своите истражувања, а не како индикатор за здравјето. Некои сметаат дека треба да ја вратат телесната тежина која ја имале во средно училиште, бидејќи тогаш супер изгледале. Можеби би било убаво да се има тело како во средно училиште, но и телото се менува како старееме. Постојат и некои кои си увртуваат во глава произволно некој број кој добро им звучи и тогаш го сметаат за идеална телесна тежина.

 

Но… Нашите тела не читаат списанија, не ги прелистуваат сликите на социјалните мрежи и не им е воопѓтп грижа ни за производството на конфекциските големини. Биолошки, нашите тела сами се борат за да ја оддржуваат ,,идеалната,, телесна тежина, која се темели на генетиката, а не на било што што мислиме или сакаме.

 

Во врска со тоа што денес сите сакаат да бидат слаби, бидејќи тоа е ,,атрактивно,, и ,,подобро,,, треба да знаете дека тоа е само општествена конструкција. Вашата идеална тежина не е она што мислите дека е. Проблемот е во тоа што многумина се обидуваат да ослабнат на помалку од она што е нивна ,,природна идеална тежина,,. Тоа е особено залуден труд, бидејќи истражувањата покажуваат дека помеѓу 95% и 97% од луѓето кои се на диета успева да ослабне, но во период од една до три години ги враќаат загубените килограми, а понекогаш нафрлаат и повеќе.

 

Тоа никако не значи дека треба да го запуштите своето здравје. Идеалната тежина ќе ја имате кога:

 

  • ќе го наслушнувате својот оргнизам, односно ќе јадете само кога сте гладни
  • ќе ја јадете храната која ја сакате и во која уживате
  • ќе имате било каква физичка активност
  • ќе одлучите дека никакви броеви нема да ви кажуваат колку да јадете или колку да вежбате
  • ќе престанете да држите ,, брзи диети,,
  • ќе престанете да јадете кога сте нервозни, тажни или лути
  • ќе престанете да се чувствувате лошо поради она што го јадете или не го јадете
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина