Секој бодибилдер знае дека за да постигне одлична телесна фигура потребно е многу повеќе од само тренирање. Диетата е клучна за да се постигне и естетски изглед и е нешто што секој млад бодибилдер треба да го има на ум. За да бидете бодибилдер, треба да имате голем апетит. Секој оној кој мисли дека ако јаде само 2000 калории ќе успее да добие волумен на мускулите, се лаже. Вистината е дека ако сакате да се натпреварувате во професионалниот бодибилдинг или ако едноставно само сакате да се набилдате, тогаш ќе морате да консумирате голема количина калории.

Она што е особено интересно во врска со консумирањето калории е тоа дека, за разлика од спортистите, бодибилдерите мора да бидат крајно строги во поглед на тоа што консумираат. Се треба да биде сведено на точни проценти, со цел да биде задоволено соодветното дневно земање на макронутритиентите. Сепак, спортистите од другите спортови не треба многу да се придржуваат до ова. И тие треба да бидат сигурни дека земаат макронутритиенти, но не мораат толку слепо да се придржуваат до тоа.

Втора разлика е количината на калориите кои се консумираат. Ако еден бодибилдер консумира двапати повеќе калории од еден обичен човек, тогаш еден силен човек всушност консумира двојно повеќе калории отколку што консумира еден сериозен бодибилдер на дневна основа.

Кога помислуваме на високо калорични диети на силните луѓе, пред нас се појавува името на Роберт Оберст. Тој моментално е вториот најсилен маж во САД. Роберт тренира напорно и се надева дека ќе ја добие титулата Најсилен Маж во Светот. Но, за да го постигне тоа, на Оберст, скратено Оби, му е потребно гориво во облик на храна, која ќе го доведе неговото тело до следното ниво. За колкава количина на храна станува збор? Еден силен човек јаде помеѓу 10,000 до 20,000 калории дневно. Мислите дека ова е измислен број? Тогаш погледнете го следново видео и уверете се самите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина