Како и секој друг дел од телото, така и вагината се менува со текот на времето, а проблемите како што е ниско ниво на либидо, сушење на слузокожата на вагината и хронична болка можат само да се зголемат со тек на времето. Ова се најчестите проблеми кои се јавуваат и решенијата за нив.

Како што минуваат годините, така се на телото се менува. Лицето добива брчки, вратот се опушта, градите се спуштаат, а косата побелува. Студијата на Здружението на здружени професионалци за репродуктивно здравје покажува дека речиси половина од жените не ги знае основните нешта за процесите кои се одвиваат во нивните полови органи. Затоа не би требало да ве чуди ако вагината малку е изменета – и на неа исто така влијаат годините. Погледнете како.

СО 20…

Деловите се намалуваат

Пубертетот конечно е готов и органите ви се пораснати до соодветната големина се освен надворешните интимни усни, кои во овој период почнуваат да се смалуваат. Немојте да се изненадите ако забележите дека тие почнуваат да изгледаат малку потенки, тоа е сосема нормално. Со тек на годините, поткожното масно ткиво се намалува, па од тука ова е сосема природен процес.

СО 30…

Темни сенки

Хормонските промени кои настануваат за време на бременоста или едноставно со годините, можат да доведат до тоа внатрешните усни да станат потемни. Не грижете се ако забележите дека добиваат 50 нијанси сива (кафеава) боја.

 

Стеснување на ѕидовите
Следен голем чекор во животот на жената (и нејзината вагина) е бременоста. Поточно, за вагината многу важен е самиот чин на породувањето. Матката тоаш се шири до големина на поголема лубеница, па шест недели по породувањето се враќа во првобитната состојба. Ова е голема промена, и често остава големи последици на вагината. Но, со тек на време и со добри вежби се се враќа на своето место. Тука од голема помош се Кегеловите вежби.

СО 40…

Циклусот се скратува

Иако бројот на јајце-клетките брзо се намалува, менструацијата се уште ја има. Но, таа со тек на време станува се покуса, се до еден момент додека не прекине во целост. Ова е период кога оранизмот природно се подготвува за менопаузата. Исто така, со тек на време доаѓа и до видливи промени на надворешните усни и на вулвата. А, со тек на време се проретчуваат и интимните влакна, а можат да се појават и бели влакна.

Се се опушта

Како и лицето, и вагината почнува да се брчка. Како што опаѓа естрогенот, така усните можат да спласнат и да бидат помалку испапчени. Масните перничиња се намалуваат, а недостигот на колаген може да доведе до нивно опуштање. Кожата на вагината може да потемни или посветли, а клиторисот се смалува.

Се е посуво

Малото ниво на естроген влијае на базно-киселата рамнотежа во вагината, што може да доведе до разни воспаленија. Како резултат на сето тоа, доаѓа до чувство на сувост. Добра вест е дека редовнот секс може да го спречи ова. Ниското либидо може да се појави само како последица од консумирањето лекови. Во случај на сувост може да помогнат некои лубриканти.

 

 

Тагови: вагинажени
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина