Вибро гимнастика
Академикот Микулин создал гимнастика која се состои од едноставни вежби, односно од удирање со петите на под. Оваа техника ефикасно ја подобрува циркулацијата на крвта, го спречува затнувањето на вените и го нормализира крвниот притисок. Исто така, ја подобрува и работата на мозокот: и од чувството на болка и тежина во главата не останува ни трага. Вежбите на рускиот научник за чистење на крвните садови им имаат помогнато на илјадници болни од варикозни вени.
Оваа гимнастика е посебно корисна за луѓе кои се приморани да седат или стојат подолго време на работното место. Препорачлива е дури и за оние на кои им е забрането да трчаат или брзо да одат.
Тајна на долговечноста:
Неговиот метод е многу едноставен: треба да се подигнете на прсти, така што петите да бидат подигнати еден сантиметар од подот, а потоа требате нагло да се спуштите, чувствувајќи притоа лесен удар, каков што се чувствува при брзо одење или при трчање.
По триесеттина вежби, кои се изведуваат по една секунда, следува пауза од 5-10 секунди.
Вежбите може да се прават секаде, дома или за време на прошетка. Сеедно. Само треба да се прават неколкупати дневно. Петите не смеат да се подигаат повеќе од пет сантиметри, затоа што тоа наместо позитивен ефект ќе влијае негативно и ќе доведе до непотребен стрес и замор на стапалата.
Како вежби, тие го одржуваат организмот во добра форма, го одложуваат стареењето, исфрлаат оксиданси и добри се за превентива против тромбофлебитис, инфаркт на миокардот и мозочен удар.