Било да станува збор за сендвичи, печива или леб кој го јадеме секојдневно, постојат се повеќе докази дека лебот е, всушност, штетна намирница. Еве четири причини зошто не треба да се јаде:

1. Речиси нема нутритиенти

За разлика од другите намирници, лебот, посебно оној белиот, речиси и да не содржи нутритиенти. Нема ни влакна, бидејќи во него нема цели семки, а сите калории доаѓаат од простите јагленохидрати, кои телото ги претвора во – масти. Ако веќе сакаме здрав леб, треба да бараме оној кој е направен од цели зрна и од квалитетно брашно, но никако од бело.

2. Содржи премногу сол

Повеќето видови леб, посебно оние кои ги купуваме во големите продавници, се рафинирани и содржат големи количини сол. Таквите зголемени количини сол се лоши за целиот организам, а посебно придонесуваат за зголемен крвен притисок.

3. Лебот дебелее

Ако јадеме премногу леб, поради големата количина на едноставни јагленохидрати, сол, рафиниран шеќер и конзерванси, килограмите ќе почнат сами од себе да се трупаат. Умереноста е многу важна кај лебот, па најдобро е целосно да го одбегнувате или да бирате само квалитетен леб.

4. Не е добар оброк

Со оглед на тоа што на лебот му недостасуваат нутритиенти, со сите калории што ги содржи во себе нема воопшто да не засити, што значи дека со него мора да се јаде и нешто друго. Тогаш, зошто воопшто да се јаде?

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина