Хидроколон терапијата е одличен метод за елиминирање на токсините насобрани во нашето тело. Тој подразбира миење на дебелото црево од наслагите кои со текот на годините се таложат во неговите набори, а резултатот е детална детоксикација на организмот, но и губење на вишокот килограми. Клистирите за чистење на цревата постоеле уште во стариот Египет и во рана Персија како ефикасен метод за лекување на цревата. Во Велика Британија, хидроколон терапијата се применува веќе 65 година, а се почесто во Европа, Америка, Русија…

 

Помага кај алергии

 

Им се препорачува на сите кои ги измачува надуеност и притисок во стомакот, нередовно празнење на цревата, главоболки и замор.

Хидроколон терапијата се изведува со помош на специјално дизајниран апарат кој користи филтрирана вода на контролирана температура и лесен притисок за нежно внатрешно чистење на целото дебелото црево.

 

Што се постигнува со хидроколон терапијата?

 

  • организмот се ослободува од токсините
  • се исфрлаат солите од тешките метали
  • се регулира нивото на холестерол
  • се намалуваат гасовите
  • се регулира столицата
  • се забрзува метаболизмот
  • се губи вишокот килограми
  • се ревитализира кожата
  • исчезнуваат алергиите, главоболките, егземите, акните, мозолките, кандидата и лошиот здив од устата

 

Така се чистат наслагите кои се таложат низ годините и во цревата и во наборите на дебелото црево. Фекалниот отпад кој се исфрла може да биде тежок од еден до неверојатни 15 килограми.

Со чистењето на цревата се детоксицира и регенерира организмот, се губи вишокот килограми, се ревиталиизра кожата, а хроничниот замор исчезнува како никогаш и да не постоел. Видливи позитивни ефекти од оваа терапија се забележува и на косата и ноктите. Затоа американските и западните доктори препорачуваат миење на цревата при разни диети или како помош за губење на тежинатаОдлични резултати има и кај алергиите, а погоден е и како подготовка за колоноскопија, ректоскопија и сигмоидоскопија.

Хидроколон терапијата во една сеанса трае 45 минути, безболна е и се изведува во стерилни услови. За времетраењето пациентот лежи прво на страна, а потоа на грб и може или да чита или да слуша музика. Потребно е да се направат од три до пет терапии секој втор ден. Обилна евакуација на содржината на цревата се случува, по правило, дури за време на третата терапија.

 

Кој не смее да прави миење на цревата?

 

На овој третман не смеат да се подоложуваат деца, трудници, онколошки болни, болни од улцерозен колитис, анемија, аневризма на срцето и големите артерии, бубрежна инсуфициенција, цироза на црниот дроб, Кронова болест, хемороиди кои крварат, полипи на дебелото црево, стомачни кила, дијареја, епилепсија и потешки психички заболувања.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина