Глуварчето – вистинска ризница на здравје
Глуварчето е многу распространето растение, кое е вистинска ризница на витамини и минерали. Расте по ливади, пасишта, градини и тревници, а цвета во пролет, кога на нашиот организам ни е најпотребна една витаминска бомба. Многумина поради неговиот горчлив вкус го нарекуваат уште и горчливо зелје или млечник. Глуварчето изобилува со калиум, етерични масла, инулин и разни други супстанции неопходни за нормално функционирање на организмот. Неговите листови имаат 16 – 18% витамин Ц и околу 3% железо, што е многу повеќе отколку што го има во спанаќот.
Сите делови на глуварчето се лековити – и цветовите, и листовите и коренот. Цветовите се берат од април до мај, листовите се собираат пред да почне да цвета глуварчето, додека коренот се вади во рана пролет или рана есен. Притоа треба да се внимава коренот да не се исече за да не остане без сокови. Листовите и коренот се сушат на студено и проветрено место или во рерна на температура од 40 степени целзиусови.
И додека за некои глуварчето е само обичен, здодевен плевел, за болните луѓе е многу важен лек. Во себе уште содржи уште и флавоноиди, Б витамини, стерол, танин и пелин. Во терапија се користи во разни облици, како чај, сок, сируп, а од листовите може да се подготви многу вкусна и лековита салата.
Комбинирајте чај и салата од глуварче
Чајот од глуварче делува како диуретик, бидејќи го поттикнува исфрлањето на вишокот вода од организмот. Дневно, и тоа шест недели, треба да се пијат по два филџани од овој чај. Неговата ефикасност ќе биде уште поголема ако заедно со чајот се јаде и чинија салата од глуварче. Чајот може да се подготви така што една лажичка од исушени листови, цветови и корен од глуварче ќе се прелие со филџан врела вода. Се остава поклопено да отстои 20 минути. Потоа се процедува чајот и засладен се пие со една лажичка мед. Се пие од два до три филџани од овој чај дневно.
Најдобар е свежиот сок
Сокот од глуварче се употребува за ублажување стомачни тегови, а најдобри резултати се добива од свежо исцедениот сок. Сокот може да се направи и од комбинација на листовите и коренот, кои се цедат. Две лажички од така добиениот сок се става во еден филџан млеко, се засладува со мед и се пие наутро на празен стомак три недели.
Сирупот го јакне организмот
Сирупот ги чисти крвните садови, го регулира варењето и го јакне организмот. Се подготвува многу едноставно. Два филџани цветови од глуварче се варат во два литри вода, добиената смеса се процедува, и се додава еден килограм мед и сок од два лимона. Потоа оваа смеса се вари на тивок оган со непрекинато мешање, додека не стане сируп. Сирупот се истура во шише, се затвора и од него се зема по една лажиа два – три пати дневно по една лажица.
• Помага кај стомачни проблеми
• Делува при заболувања на жолчката и црниот дроб
• Смирува чешање, лишаи и осип
• Делува кај алергии и чиреви
• Ја подобрува работата на бубрезите и желудникот
• Го намалува нивото на лошиот холестерол
• Регулира неуреден менструален циклус
• Ублажува ревматски тегоби
• Го чисти организмот и ја подобрува крвната слика