Солена пита со тофу и грашок
Состојки:
- 1 филџан интегрално брашно
- 1 ½ филџан полубело брашно
- 1 лажица прашок за печиво
- 1 дл. ладно цедено или маслиново масло
- ½ лажичка сол
- 2 лажичка сусам
- ½ филџан соино млеко
- ½ филџан вода
Фил:
- 200 гр. тофу сирење
- ½ дл. маслиново масло
- 1 дл. павлака од соја
- босилек
- ½ лажичка сол
- 500 гр. сварен грашок
(по желба, наместо грашок, може и пченка или варена брокула)
Подготовка:
Првите пет состојки од филот се миксаат во блендер. Полека им се додава грашокот. Првите 6 состојки се мешаат за да се добие тесто и им се додаваат водата и млекото. Се меси неколку минути, се покрива и се остава на страна да отстои околу 20-тина минути. Половина од тестото се развлекува. Се става филот и се покрива со другата половина од тестото. Одозгора се боцка со вилушка. Се пече ½ час на 180 °C. Се сече оладена и се служи со јогурт.


