Фотографирањето со фотоапарат, за да можеме да се сеќаваме и потсетуваме на одреден момент, всушност може да го загрози помнењето, тврдат научниците од американскиот универзитет Ферфилд, а се наведува во најновото медицинско списание Psychological Science.

Научниците испитувале група од 28 студенти кои посетувале музеи, при што секој од нив морал да фотографира 15 делови, а другите 15 делови само да ги запомни без фотографирање.

Следниот ден испитаниците имале тест за меморија за деталите од сликите за секој од 30 делови. Испитаниците подобро го помнеле она што само го виделе од она што го фотографирале.

Авторите на оваа студија наведуваат дека посетувањето на музеи со фотоапарат го спречува нормалното функционирање на помнењето кај луѓето.

,,Луѓето земаат фотоапарат во раце без многу размислување, за да сликаат некој миг кој им се допаѓа, но на крајот не го запомнуваат тој миг убаво,, се наведува во студијата.

Со развој на технологијата, полесно ни е да фотографираме, отколку во мигот да размислуваме што се случува околу нас.

Луѓето сметаат дека со таа технологија ќе го сочуваат сеќавањето, но тоа може да има негативно влијание на сеќавањето на самото искуство.

Студијата не го обесхрабрува фотографирањето, туку оние кои фотографираат ги наведува да тоа да размислуваат за мигот и околностите во кои ќе се најдат, па дури потоа да фотографираат.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина