Кинеската филозофија се темели на дуализмот, односно на начелото дека во природата постојат две спротивни карактеристики на енергијата – јин и јанг, кои не обземаат и нас и сета природа која не опкружува. Првата работа која треба да ја направите кога ќе запознаете некого, е да проверите каква е рамнотежата на јинг и јанг во вашиот однос, каков и да е тој, деловен или љубовен. Јин е примарно женска енергија, енергија со бавен ток, се движи кон надолу, а јин е црно, темнина, ноќ. Јин е пасивна енергија, мир, вода која стои, но може да претставува и безживотност и смрт.

Јанг е примарно машка енергија, сила, решителност. Наспроти јинот, јанг е живот.

Од сето кажано, многу лесно може да се забележи дека во природата се се базира на циклусите на јин и јанг, кои постојано се менуваат. Ноќта го заменува денот, летото ја заменува зимата, Сонцето заоѓа, Месечината изгрева… и се така во круг. Сонцето е јанг, Месечината е јин. Но, како да се забележи ова во партнерските односи? Како ќе знаете дали некој е јин или јанг тип? Одговорот е многу едноставен – треба само да се провери годината на раѓање.

Јин и јанг години на раѓање

Годините кои завршуваат на парен број се јанг, а оние кои завршуваат на непарен број се јин. Оптимален однос е оној во кој едната индивидуа е јин, а другата јанг. Ако и двете се јин, односот е ,,мртов,, и здодевен, не се случуваат важни работи и партнерите едноставно се оддалечуваат. Ако и двајцата се јанг, односот е пребурен, и двајцата согоруваат во страста и односот нагло пука. Затоа обратете внимание на партнерот кој го имате, како во сферата на деловниот живот, така и во сферата на љубовниот живот. Секако, важно е да се спомене дека ова е само еден од многуте параметри за проценка на односите на две индивидуи, но секако е основа од која треба да се тргне. Дури иако вашиот однос не спаѓа во хармоничните според овој метод, тоа не имплицира дека истиот морате веднаш да го прекинете. Во тој случај, потребно е да се консултирате со фенг шуи стручњак, кој врз основа на комплетните податоци ќе ги процени судбината и потенцијалите од вашиот однос.

Другата важна напомена се однесува на личностите кои се родени во јануари и февруари. Бидејќи поделбата на јин и јанг годините се врши според кинескиот лунарен календар, оние кои се родени во јануари и февруари според западниот календар,според кинескиот календар може да и припаѓаат на претходната година. Затоа проверете во долунаведенава табела под која година официјално припаѓате.

СТАОРЕЦ (ОД-ДО)
1900: 31.01.1900 – 18.02.1901
1912: 18.02.1912 – 05.02.1913
1924: 05.02.1924 – 23.01.1925
1936: 24.01.1936 – 10.02.1937
1948: 10.02.1948 – 28.01.1949
1960: 18.01.1960 – 14.02.1961
1972: 15.02.1972 – 02.02.1973
1984: 01.02.1984 – 18.02.1985
1996: 18.02.1996 – 06.02.1997
_______
ВОЛ (ОД-ДО)
1913: 06.02.1913 – 25.01.1914
1925: 24.01.1925 – 11.02.1926
1937: 11.02.1937 – 30.01.1938
1949: 29.01.1949 – 15.02.1950
1961: 15.02.1961 – 04.02.1962
1973: 03.02.1973 – 22.01.1974
1985: 19.02.1985 – 08.02.1986
1997: 07.02.1997 – 27.01.1998
_______
ЗАЈАК (ОД-ДО)
1903: 29.01.1903 – 15.02.1904
1915: 14.02.1915 – 02.02.1916
1927: 02.02.1927 – 21.01.1928
1939: 19.02.1939 – 07.02.1940
1951: 06.02.1951 – 25.01.1952
1963: 25.01.1963 – 12.02.1964
1975: 11.02.1975 – 30.01.1976
1987: 29.01.1987 – 16.02.1988
1999: 16.02.1999 – 03.02.2000
_______
ЗМЕЈ (ОД-ДО)
1904: 16.02.1904 – 03.02.1905
1916: 03.02.1916 – 22.01.1917
1928: 22.01.1928 – 08.02.1929
1940: 08.02.1940 – 26.01.1941
1952: 26.01.1952 – 13.02.1953
1964: 13.02.1964 – 02.02.1965
1976: 31.01.1976 – 17.02.1977
1988: 17.02.1988 – 05.02.1989
2000: 04.02.2000 – 24.01.2001
_______
ТИГАР (ОД-ДО)
1902: 08.02.1902 – 28.01.1903
1914: 26.01.1914 – 13.02.1915
1926: 12.02.1926 – 01.02.1927
1938: 31.01.1938 – 18.02.1939
1950: 16.02.1950 – 05.02.1951
1962: 05.02.1962 – 24.01.1963
1974: 23.01.1974 – 10.02.1975
1986: 09.02.1986 – 28.01.1987
1988: 28.01.1998 – 15.02.1999
_______
ЗМИЈА (ОД-ДО)
1905: 04.02.1905 – 24.01.
1917: 23.01.1917 – 10.02.1918
1929: 09.02.1929 – 28.01.1930
1941: 27.01.1941 – 14.02.1942
1953: 14.02.1953 – 02.02.1954
1965: 23.02.1965 – 20.01.1966
1977: 18.02.1977 – 06.02.1978
1989: 06.02.1989 – 25.01.1990
2001: 25.01.2001 – 12.02.2002
_______
КОЊ (ОД-ДО)
1906: 25.01.1906 – 12.02.1907
1918: 11.02.1918 – 31.01.1919
1930: 29.01.1930 – 16.02.1931
1942: 15.02.1942 – 03.02.1943
1954: 03.02.1954 – 23.01.1955
1966: 21.01.1966 – 08.02.1967
1978: 07.02.1978 – 27.01.1979
1990: 26.01.1990 – 13.02.1991
2002: 13.02.2002 – 02.02.2003
_______
ОВЦА (ОД-ДО)
1907: 13.02.1907 – 01.02.1908
1919: 31.01.1919 – 18.02.1920
1931: 17.02.1931 – 05.02.1932
1943: 04.02.1943 – 24.01.1944
1955: 24.01.1955 – 10.02.1956
1967: 09.02.1967 – 28.01.1968
1979: 28.01.1979 – 15.02.1980
1991: 14.01.1991 – 02.02.1992
2003: 03.02.2003 – 20.01.2004
_______
ПЕТЕЛ (ОД-ДО)
1909: 22.01.1909 – 09.02.1910
1921: 08.02.1921 – 26.01.1922
1933: 25.01.1933 – 13.02.1934
1945: 12.02.1945 – 01.02.1946
1957: 30.01.1957 – 17.02.1958
1967: 16.02.1969 – 05.02.1970
1981: 04.02.1981 – 24.01.1982
1993: 22.01.1993 – 09.02.1994
2005: 09.02.2005 – 28.01.2006
_______
КУЧЕ (ОД-ДО)
1910: 10.02.1910 – 29.01.1911
1922: 27.01.1922 – 14.02.1923
1934: 14.02.1934 – 02.02.1935
1946: 02.02.1946 – 21.01.1947
1958: 18.02.1958 – 06.02.1959
1970: 06.02.1970 – 25.01.1971
1982: 25.01.1982 – 12.02.1983
1994: 10.02.1994 – 29.01.1995
2006: 29.01.2006 – 15.02.2007
_______
МАЈМУН (ОД-ДО)
1908: 02.02.1908 – 21.01.1909
1920: 08.02.1920 – 07.02.1921
1932: 06.02.1932 – 24.01.1933
1944: 25.01.1944 – 11.02.1946
1956: 11.02.1956 – 29.01.1957
1968: 29.01.1968 – 15.02.1969
1980: 16.02.1980 – 03.02.1981
1992: 03.02.1992 – 21.01.1993
2004: 21.01.2004 – 08.02.2005
_______
СВИЊА (ОД-ДО)
1911: 30.01.1911 – 17.02.1912
1923: 15.02.1923 – 04.02.1924
1935: 03.02.1935 – 23.01.1936
1947: 22.01.1947 – 09.02.1948
1959: 07.02.1959 – 27.01.1960
1971: 26.01.1971 – 14.02.1972
1983: 13.02.1983 – 31.01.1984
1995: 30.01.1995 – 17.02.1996
2007: 16.02.2007 – 05.02.2008

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина