Сите знаат за моќта на боите. Од сопствено искуство сите знаеме дека тие влијаат на нас. Секој од нас има по некоја боја која му е најмила, некои пак не депримираат, некои не развеселуваат, а некои не смируваат и ни даваат енергија.Тие не само што го менуваат расположението, туку имаат и терапевтска моќ. Боите ги побудуваат нашите чувства, нашите сеќавања и реакции. Практичарите на Фенг Шуи веруваат дека тие имаат можност да внесат позитивни вибрации во домот. Па така, обојте ги ѕидовите и внесете среќа во вашиот дом, позитивна енергија и добро расположение. Погледнете во продолжение кои од нив какво дејство имаат.

ЦРВЕНА

Во Фенг Шуи, црвената боја го означува елементот оган. Оваа боја можете да ја користите на ѕидовите во дневната соба, трпезаријата, кујната, теретаната и т.н. Ставајте ја оваа боја кон исток, југоисток, запад и северозапад во вашиот дом. Немој да ја користите како доминантна боја во спалната соба, бидејќи е многу моќна. Додадете црвена боја во просторијата доколку се чувствувате уморно или ако страдате од анемија, бидејќи тоа е боја на страста и високата енергија. Користете ја во рамнотежа со мирните бои.

ПОРТОКАЛОВА

Опимистичната портокалова исто така го означува елементот оган. Користењето на оваа боја ја зголемува продуктивноста, ентузијазам и задоволството. Портокаловата боја ве држи здрави живи и разиграни, така што добар избор ќе биде да ја користите во дневната соба или во детските соби. Практичарите на Фенг Шуи велат дека оваа боја поттикнува живи разговори и носи добра енергија во вашиот дом. Таа е мешавина од жолтата и црвената боја, така што ги има квалитетите и на двете бои – енергијата од црвената и ведрината на жолтата.

ВИОЛЕТОВА

Оваа кралска боја е исто така поврзана со елементот оган во Фенг Шуи, така што можете да ги обоите во неа ѕидовите од вашата соба за медитација, бидејќи таа создава совршена атмосфера за некои мирни интроспективи. Важно е само притоа да ги бирате нејзините посветли тонови, како што се лаванда или светловиолетова, и истите да ги користите само за источниот, западниот и југоисточниот дел од домот. Во спалната соба, виолетовата боја и нејзините нијанси придонесуваат за смирување и мирен сон.

РОЗОВА

Розовата боја е уште еден топол елемент во Фенг Шуи. Таа создава смирено опкружување, па ако имате проблем со спиењето, обојте ги ѕидовите од спалната соба во светла нијанса на оваа боја. Таа носи силна позитивна енергија.

ЖОЛТА

Жолтата боја е уште една од боите кои припаѓаат на елементот оган. Меѓутоа, нејзините полесни нијанси му припаѓаат на елементот Земја. Во Фенг Шуи, жолтата е центар на се, се споредува со Сонцето, кој е краен извор на позитивна енергија. Оваа боја можете да ја користите во која било просторија, бидејќи има моќ на прилагодливост, флексибилност, јаснотија и т.н.

ЗЕЛЕНА

Зелената е популарен избор за дневната и спалната соба. Оваа боја е поврзана со елементот дрво. Го намалува стресот и има квалитет на лекување.

СИНА

Во Фенг Шуи, сината е поврзана со контролата на емоциите и го означува елементот вода. Таа исто така го намалува стресот и напнатоста во животот. Одбегнувајте премногу сини ѕидови ако имате чести промени на расположението.

БЕЛА И СИВА

Сивата, белата и црната боја му припаѓаат на елементот метал, кои треба да бидат доминантна фигура во западните и северозападните правци во вашиот дом. Одбегнувајте да користите на премногу сиви ѕидови, бидејќи тоа може да доведе до пад на расположението и енергијата. Ако сакате, можете да ја користите белата како доминантна боја, бидејќи белата е поврзана со чистотијата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина