Кардиолозите советуваат дека возрасните не би требале да јадат по 19 часот, или барем два часа пред спиење. Резултатите од спроведената студија, во која учествувале 720 луѓе, со просечна старост од 53 години кои имаат висок притисок, покажала дека оние кои јаделе два часа пред спиење притисокот им останал висок. Стручњаците сметаат дека причината за тоа е што храната доведува до налет на хормоните на стрес во миговите кога телото би требало да почне да се опушта.

Луѓето кои имаат висок притисок повеќе се изложени на срцеви болести, а ако притисокот не им спадне во текот на ноќта (како што нормално функционира човечкиот организам), ризикот се зголемува. Оние кои притоа имаат навика да јадат доцна, три пати повеќе се изложени на ризик, наведуваат истражувачите.

Докторката Ебру Озпелит, која се занимавала со ова истражување, вели: “Доцните оброци го подигаат притисокот, кој би требало да се спушти за 10% во текот на спиењето.“

Таа советува дека и оние кои немаат проблеми со притисокот треба да бидат повнимателни бидејќи,како што вели таа, начинот на кој јадеме е исто така важен како и храната која ја јадеме.

Појадокот и ручекот се важни, но вечерата не смее да биде во време по 19 часот“, советува докторката.

Претходните истражувања покажале дека раната вечера го смалува ризикот од рак на дојката, ниското нивот на шеќер во крвта и помага за согорување на калориите.

Стручњаците мислат дека причината за тоа е што човечкиот организам е навикнат на повеќе активносит во текот на денот, а на спиење во текот на ноќта, така што повеќе енергија и храна му се потребни се додека не дојде вечерта.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина