Зеленчукот содржи големи количини влакна, што го подобрува функционирањето на дигестивниот тракт. Значи, за време на држењето на диетава нема само што ќе ја дотерате својата линија, туку ќе создадете и залихи од хранливи материи, со кои ќе го зајакнете имунитетот пред долгата зима. Зеленчукот содржи мала количина калории, но дава долгорочно чувство на ситост, па така нема да чувствувате глад во текот на денот.

Основни правила на есенската диета

Рафинираниот шеќер и слатките треба целосно да се исфрлат од исхраната. Ако сакате, можете да додадете чај или овошна салата со малку мед. Во текот на диетата, мора да се одбегнува и нездравата храна од животинско потекло, како полуготови производи, колбаси, чадено месо и сл. Дозволено е користење на млечни производи со ниска масленост.

Алкохолот и безалкохолни пијалоци (сокови, газирана вода) треба да бидат потполно исклучени од исхраната додека сте на диетата.

Можете да користите мала количина квалитетно растително масло (маслиново, ленено), но се препорачува повеќето производи да ги варите или печете.

Еве примерок од менито на оваа диета за седум дена.

 

Прв ден

Појадок: парче пченкарен леб, парче немасно сирење, 250 мл. кафе со млеко без шеќер

Ручек: 300 мл. супа од зеленчук,

Ужина: 200 мл. компот од портокали, круши или јаболки без шеќер

Вечера: 250 гр. сирење со суви кајсии

Ужина: 200 мл. немасен јогурт (1%)

Втор ден

Појадок: парче пченкарен леб, немасно сирење, 250 мл. кафе со млеко без шеќер

Ручек: 300 мл. супа од зеленчук

Ужина: 200 мл. компот од портокали, круши и јаболки без шеќер

Вечера: 150 гр. салата од пиперки, домати, краставици, со маслиново масло, 10 гр. варено пилешко

Ужина: 200 мл. немасен јогурт (1%)

Трет ден

Појадок: парче пченкарен леб, немасно сирење, 250 мл. кафе со млеко без шеќер

Ручек: 300 мл. супа која се состои од зелка и посно месо

Ужина: 200 мл. компот од портокали, круши и јаболки без шеќер

Вечера: 150 гр. варена риба, 100 гр. салата од моркови, јаболки, зелка, 2 мали праски,

Ужина: 200 мл. немасен јогурт (1%)

Четврти ден

Појадок: парче пченкарен леб, немасно сирење, 250 мл. кафе со млеко без шеќер

Ручек: 250 гр. зеленчук со сирење и спанаќ

Ужина: 200 мл. компот од портокали, круши и јаболки без шеќер

Вечера: 250 гр. салата од портокали, банани, киви, праски и круши,

Ужина: 200 мл. млеко со ниска количина масти

Петти ден

Појадок: парче пченкарен леб, немасно сирење, 250 мл. кафе со млеко без шеќер

Ручек: 200 гр. печен компир со зачински билки и павлака

Ужина: 200 мл. компот од портокали, круши или јаболки без шеќер

Ручек: 250 гр. салата од рендано цвекло, моркови и суви сливи со прелив од павлака или јогурт

Ужина: 200 мл. немасен јогурт (1%)

Шести ден

Појадок: парче пченкарен леб, немасно сирење, 250 мл. кафе со млеко без шеќер

Ручек: 100 гр. кисела зелка, 150 грама варен шаран

Ужина: 200 мл. компот од портокали, круши или јаболки без шеќер

Вечера: омлет од две јајца и шолја млеко

Ужина: 200 мл. млеко со ниска количина масти (1%)

Седми ден

Појадок: парче пченкарен леб, немасно сирење, 250 мл. кафе со млеко без шеќер

Ручек: 200 гр. варени тиквички и сирење

Ужина: 200 мл. компот од портокали, круши или јаболки без шеќер

Вечера: 150 гр. зелка, 3 сливи

Ужина: 200 мл. млеко со ниска количина масти (1%)

Ако се придржувате до ова мени, за една недела можете да заубите 3-5 килограми. Точниот резултат зависи од метаболичките процеси во вашето тело. Основната предност на ваквиот систем на исхрана е можноста да се загуби од тежината, а во исто време да се подобри изгледот на телото. Што се однесува до недостатоците, овој вид на исхрана не е избалансиран со сите хранливи материи кои му се потребни на организмот и поради тоа не треба да се држи повеќе од една недела.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина