Ефектите на зелениот чај врз нивоата на хормонот за раст
Бодибилдерите се заинтересирани за постигнување на повисоки нивоа на човечкиот хормон за раст (HGH), откога ги увидоа неговите предности и се она за што е тој способен . Хормонот за раст не само што го зголемува производството на чиста мускулна маса во телото, но зголемените нивоа на хормонот за раст исто така можат да го намалат вкупниот процент на телесни масти и да го подобрат кардиоваскуларното здравје на личноста. Предностите исто така вклучуваат подобро држење, подобро спиење, па дури и подобрени сексуални перформанси. Се разбира, непотребно е да се набројат сите предности на хормонот на раст, веруваме вам ви се добро познати.
Хормонот за раст во телото го произведува хипофизата. Сепак, неговото производството не е бесконечно, туку се забавува во текот на нашиот живот. Е сега, се разбира дека постојат одредени начини на кои може да се поттикне зголемувањето на хормонот за раст.
Верувале или не, зелениот чај е еден од тие начини кои можат да го поттикнат зголемувањето на нивото на хормонот за раст.
Активната состојка во зелениот чај се нарекува epigallocatechin gallate (инаку позната како EGCG). Во неодамнашното спроведено истражување од страна на списанието Alternative Medicine Review, се покажа дека EGCG има директна корелација со нивото за хормон на раст во телото. Во текот на студијата, половина од учесниците внесувале исхрана која се базирала на одреден број калории и вклучени производи од зелен чај, а кај другата половина бил употребен плацебо ефект, за период од 90 дена.
Резултатите покажале дека учесниците кои користеле производите од зелен чај во периодот од 90 дена, ги зголемиле нивните нивоа на хормонот за раст за неверојатни гранични вредности од 320% во споредба со само 20% од оние кои користеле плацебо ефект. Учесниците кои користеа прозводи на база на зелен чај, исто така имале пораст на хормонот ИГФ-1 (инсулинот како фактор на раст) за 24% во споредба со само 15% пораст кај корисниците на плацебо.
Учесниците во групата со зелен чај изгубиле речиси три пати повеќе тежина во однос на плацебо групата. ИГФ-1 бил поверодостоен во однос на хормонот за раст кога станува збор за деталните промени кај хормоните. Значи, и IGF-1 и хормонот за раст се зголемуваат кога се користат производи од зелен чај.
Резултатите во студијата не се појавиле за брзо време, туку некаде при крајот на студијата (по 90 дена). Значи, кога станува збор за зелениот чај и нивоата на раст, исто како и кај вежбањето и исхраната, се цели кон конзистентност.