Ишијасот не е болест, туку медицинска состојба. Тој започнува во долниот дел на грбот, се спушта низ двете нозе, од каде се разгранува во одделни нервни корени

Ишијасниот нерв е најголемиот нерв во организмот. Тој започнува во долниот дел на грбот, се спушта низ двете нозе, од каде се разгранува во одделни нервни корени кои се разгрануваат во долниот дел на грбот.

Што е тоа ишијас?

Ишијасот не е болест, туку медицинска состојба која ги подразбира следниве симптоми:

  •  Константна болка во долниот дел од грбот и едната нога, поретко на двете
  •  Болката се влошува во седечка положба
  •  Чувство на пецкање и врелина во нозете
  • Слабост, втрнетост или неможност за поместување на нозете или стапалата
  • Болниот им потешкотии кога стои или кога оди
Најчести причинители за ишијас:

Дискус хернија: Понекогаш се нарекува уште и пукнат диск, излизган диск или стегнат нерв.

Дегенеративна болест на дискот: Оваа состојба се јавува кога слабеењето на дискот резултира со прекумерни микрто движења во тоа ниво од половината, додека воспалителните протеини од внатрешноста на дискот стануваат изложени и ја иритираат површината.

Исмичка спондилолистеза: Кога еден од пршлените на половината ќе се лизне на оној под него поради мал прелом во делот од коската која ги поврзува двата зглоба на задната страна на половинскиот сегмент.

Лумбална спинална стеноза: Се карактеризира со стеснување на каналот на половината.

Пириформис синдромКога пириформис мускулот ќе го вклешти нервниот корен на ишијатниот нерв.

Сакрална дисфункција на зглобот: Ја предизвика иритацијата на сакралниот зглоб.

БременостДобивањето на тежина, промената во центарот на гравитација и хормонските промени како резултат од бременоста можат да доведат до ишијас.

ЛузнаКога ткивото на лузната ќе го притисне коренот на нервот.

Напрегнување на мускулите: Кога воспалението на мускулите врши притисок на коренот на нервот.

Спинални тумори: Тумори во долниот дел од грбот можат да го притиснат коренот на нервот.

Можни опции на лекување:

Повеќето доктори препорачуваат одморање во кревет. Други методи подразбираат примена на лекови за ублажување на болки и на воспаленијата и за опуштање на мускулите. Меѓутоа, вежбите можат исто така да ги ублажат симптомите на ишијас.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина