Кога се работи за стекнување екстремно силни и обликувани абдоминални мусклули, вежбите како издржувањето и стомачните се задолжителен дел од репертоарот. Меѓутоа, програмата наречена Anarchy Abs Workout, која ја има осмислено Енди Спир, го има подигнато тренингот за средишниот дел од телото на повисоко ниво.

 

Преку низа различни движења се создава огромна тензија на стомачниот ѕид и така на многу поефикасен начин се постигнуваат посакуваните резултати. Вежбите како чучнување свртувачки пиштол или како онаа наречена lower split switch на идеален начин ги јакнат мускулите на јадрото на телото, но во исто време делуваат позитивно и врз координацијата на телото, затоа што овие движења се сложени.

 

Движењата кои поттекнуваат од гимнастиката, како што се hollow body hold и L sit (формирање на буквата Л со сопствената тежина) покрај јадрото, силно ги напаѓаат и попречните абдоминални мускули, кои се многу важни за здравјето на грбот и доброто држење на телото. Плиометриските вежби tuck jump (скокови со целото тело) и латералните скокови ја активираат подвижноста на мускулите на абдоменот преку низа експлозивни движења.

 

Неколку од вежбите ги активираат по малку подзаборавените надворешни меѓуребрени мускули. Силното јадро влијае на стабилноста на рамениот појас и обратно. Ако една од тие регии е послаба, според законот на споени садови доаѓа и до слабеење на другите делови на телото околу неа. Затоа ви препорачуваме да го направите овој тренинг и да го испробате.

 

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.