Кога надвор е студено и тмурно, сигурно дека последната работа која ви паѓа на памет е да држите диета. Но, со оваа дводневна диета нема да морате да живеете на зелена салата. Наместо тоа, можете да уживате во разновидната исхрана, но морате да се придржувате до овој план на исхрана два пати неделно, а остатокот од неделата сте слободни и можете да консумирате што сакате. Секако, тоа не подразбира да се прејадете со нездрава храна, потрудете се и во текот на овие денови да внесувате што е можно повеќе овошје и зеленчук, немасно месо и риба, како и пченично брашно. Додека сте на диета, би требало да внесувате што е можно повеќе течности и да избегнувате газирани и слатки пијалоци.

masni naslagi2

Подобрување на здравствената состојба

Освен за губењето на килограмите, оваа диета има позитивно влијание и на вашето здравје и го намалува ризикот од добивање на болести како рак или дијабетис, Имено, оваа диета ја составиле познатиот нутриционист др Мишел Харви и онкологот- професорот Тони Ховел. Тие двајца повеќе од една деценија спровеле истражувања на над 1000 жени и откриле дека со губењето на килограмите е намалена можноста за добивање на рак на дојка кај оние жени кои имаат такви предиспозиции.

Во клиничкото истражување, жените кои држеле диете два дена неделно, изгубиле повеќе маснотии и сентиметри во струкот од оние кои ја држеле диетата сите седум дена. Исто така, забележан е и значаен пад на инсулинот и хормоните, како и намалена инфламација во телото, која е позната како предизвикувач на ракот. Освен намалувањето на ризикот од добивање на рак на дојка, кај испитаниците бил забележан намален ризик за добивање на дијабетис тип 2, срцеви заболувања и висок крвен притисок. И, најважно лекарите откриле дека е многу полесно да се придржувате кон оваа диета, бидејќи ќе бидете помалку гладни, а со самото тоа и поуспешни во својата замисла.

Што смеете да јадете?

Секој од деновите на диетата треба да јадете:

4-12 порции протеини (за мажите дозволено е и 14 порции)

Една типична порција протеини подразбира : две парчиња риба со големина на еден прст, парче пилешко/мисиркино/говедсkо/јунешко месо, 2 средни парчиња шунка или да речеме едно јајце.

5 порции масти (за мажите е дозволено 6)

Една порција е еднаква на една мала лажичка маслиново масло, дресингот за салата или една лажичка лешници или ореви . Исто така,една порција одговара на една четвртина авокадо, десет маслинки и една лажичка посен мајонез.

Три порции немасни млечни производи

Една порција е еднаква на количината од 200 мл обрано кравјо или соино млеко, шолја немасно јогурт, 2 лажички павлака, 1 лажичка крем сир или 30 грама сирење (фета, моцарела или ајдамер).

Пет порции зеленчук

Една порција подразбира, да речеме, две брокули или чинија зелена салата.Би требало да го избегнувате зеленчукот богат и со јаглехидрати, но можете да уживате во печурките, карфиолот, зелената пиперка, доматот и младиот лук.

Пет порции овошје

Во деновите на диетата, дозволено е да јадете јаболки, портокали, киви, праски, крушки, мандарини, сливи, шумско овошје или диња.

Оваа диета не е за секого

Ако сте дете, тинејџер, трудница или доилка, доколку патите од депресија или некогаш сте имале пореметување во исхраната, немојте да ја започнувате оваа диета. Исто така, умереното ниво на протеини во оваа диета може да им претставува проблем на оние кои имаат проблеми со бубрезите. Доколку имате дијабетис, некоја друга хронична болест или земате лекови, посоветувајте се со лекар пред да почнете било каква диета.