Допамин – која му е улогата во нашиот организам?
Вежбањето, сексот и смеењето го поттикнуваат хормонот на среќа – допамин. Допаминот, норадреналинот и серотонинот се невротрансмитери кои го подобруваат расположението.
Допаминот е невротрансмитер кој ја контролира реакцијата на мозокот на награда или уживање и е одговорен за мотивација и за фокусираност. Серотонинот, пак, ја регулира работата на нашите клетки кои се одговорни за расположението, помнењето, општественото однесување и за работоспособноста и концентрацијата. Заедно ги нарекуваме ,,хормони на среќата,, бидејќи влијаат на нашите позитивни емоции, задоволство и чувството на среќа, но треба да се разликуваат од хемиските хормони (соединенија кои ги лачат жлездите со внатрешно лачење). Невротрансмитерите се супстанции кои имаат многу функции во централниот и периферниот нервен систем.
Серотонинот, норадреналинот, допаминот, ацетилколинот и ендорфинот се само некои од тие супстанции. Недостигот на овие невротрансмитери предизвикува депресија, чувство на страв, осаменост, а покрај тоа засилено сме чувствителни на болка. Основа се и лековите за лекување на ваквите нарушувања. Антидепресивите го блокираат повторното враќање на одделни невротрансмитери во пресинаптичкиот неврон, па неговата концентрација во невронската пукнатина се зголемува, а со тоа и делувањето врз постсинаптичкиот неврон и преносот на информациите, што значително го намалува чувството на депресија и го поправа расположението. Иста функција како антидепресивите имаат и некои наши однесувања, односно активности, како што се спортувањето, слушањето музика, смеењето или консумирањето одредена храна.
Со нормални нивои на допамин можеме да бидеме возбудени, привлечни, страствени, весели, енергични, па дури и еуфорични. Допаминот честопати се нарекува и ,,хормон на љубовта,,, бидејќи се смета дека поради него стануваме зависни од оној кој го сакаме. Позитивното својство му е да го намалува нивото на инсулинот, а има и антиканцерогено својство. Без допамин во организмот нем да имаме доволно мотивација за исполнување на краткотрајните и долготрајните цели.
Истражувањата покажале дека недостигот на допамин кај лабораториските глувци предизвикува да бидат безволни до толкав степен, што побрзо би умреле од глад, отколку да бараат храна која им е релативно достапна.
Симптомите од недостиг на допамин, како апатија и депресија, можат да имаат причина во долга и тешка болест, па нужно е да се забележат некои промени во организмот.
Допаминската активност е важна во системот на награди, па од тука е и поврзаноста со зависното однесување, бидејќи супстанциите и однесувањата кои ни годат и чувството на награда го стимулираат порастот на концентрацијата, доминантна во одделни делови од мозокот, и со тоа го поддржуваат однесувањето и создаваат основат за зависност – од секс, од интернет и од разни други нешта.
Оргазам
За време на оргазмот исто така се лачи домапин, но и адреналин, а кај жените и окситоцин, хормон на хипофизата, па овој коктел е одговорен за чувството на уживање кое го дава оргазмот.
Расположение
Меѓу количината на серотонин и расположението постои ,,двонасочен,, пат – ако се зголемува нивото на серотонинот, се создава добро расположение, а ако се појави добро расположение, понува да се лачи серотонинот.
За да го зголемите нивото на допаминот, организирајте се и прецртувајте ги исполнетите задачи од листата на задачи која претходно ќе ја составите, како што е на пример чистењето на домот и слично. Со прецртувањето на исполнетите обврски ќе создадете добро чувство во мозокот и ќе го поттикнете лачењето на допаминот. Сепак, и при наградувањата треба да се има мерка – не правете го тоа пречесто.
Вежбањето, протеините и омега – 3 за поголемо ниво на допамин
Покрај секојдневното вежбање, за лачењето на допамин ќе помогне и високопротеинската храна во комбинација со аминокиселините – пилешкото, јајцата, рибата, сојата и мешунките. Омега – 3 масните киселини се наоѓаат во морската храна, како што се скушата, лососот, сардините и харингата и тие влијаат на лачењето на невротрансмитерите. Тука е и храната богата со тирозин, неесенцијална аминокиселина која се создава од фенилот (банани, бадеми, ореви и авокадо), како и храна која е богата со фенилаланин (киселина пронајдена во крвната плазма и во мозокот) – семки, пченични никулци, месо и млечни производи. Нормалното ниво на допамин помага во извршување на секојдневните активности, чувството на среќа. Подобар и поквалитетен сон, полесно учење и помнење и подобро и полесно фокусирање.