Овој едноставен и брз за подготовка крем можете да го употребите за палачинки или за подготовка на колачиња
Состојки:
240 гр. препечени лешници
3 лажици мед
3 лажици органско какао во прав
120 мл. оризово млеко (може и кокосово или бадемово)
2 лажици арома од ванила
прстофат сол

Подготовка:
Испечете ги лешниицте 10 минути во рерна на температура од 180 °C (проверувајте ги да не се препечат многу). Излупете ги со сува крпа. Ставете ги во блендер и додајте им ги останатите намирници. Микасајте ги неколку минути додека не добиете кремаст намаз.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина