До рамен стомак за 30 дена со вежбата на Бритни Спирс
Стомачните вежби не се многу тешки, а во видеото имате детални упатства кои треба да ги следите. Нека овие вежби ви станат дел од секојдневната рутина и дочекајте ги потоплите денови подготвени. Бритни тврди дека ги вежба секој ден.
“Навистина се ретки деновите кога не се занимавам со некаква телесна активност. Еден ден само пливам, друг ден пешачам, потоа правам кардио вежби, четвртиот ден вежбам вежби за сила, петттиот ден ми е резервиран за пилатес, шестиот вежбам јога и се така не токму по овој редослед. Со оглед на тоа што морам да вежбам редовно, си воведов разновидност во својот распоред”, изјавила Бритни за списанието Women’s Health.