Британските доктори предупредуваат дека радикалното детоксицирање на организмот, посебно по празници и прекумерно уживање во храна и пијалоци, можат да бидат исклучително штетни по здравјето. Како пример, тие го навеле случајот на жена која минатата година се довела во животна опасна ситуација по детоксикација со растителни препарати, односно коктели со витамин Б, корен од валеријана, сурутка и пиење големи количини вода. Таа четириесет и седум годишна жена закрепнала дури по интензивно лекување во болница, каде стигнала поради губење на свеста. Тестовите од испитувањата покажале дека таа имала исклучително ниско ниво на сол во организмот. Иако се чини корисно организмот да се прочисти по претерана храна и пијалоци за време на божиќните празници или друг вид празници, тој концепт не е нужно здрав и не е поддржан од страна на докторите, објавил British Medical Journal.

Прекумерното внесување на вода како начин на ,,чистење на организмот,, се базира на погрешното верување дека се што е штетно може да се ,,измие,, од организмот. И покрај агресивните реклами и тврдења кои се пласираат поради маркетинг, растителните суплементи, сепак, имаат несакани дејства. А, негативните ефекти кои тие можат да ги имаат врз организмот се крајно опасни. За жал, луѓето не се свесни за оваа опасност и се што ќе слушнат дека детоксицира сакаат да го пробат.

Британскиот диететски сојуз дури и оценува дека целата идеја за дероксикацијата е всушност глупост. Не постојат волшебни таблети, напитоци, лосиони или фластери. Телото се состои од бројни органи, како кожата, бубрезите и црниот дроб постојано го прочистуваат организмот од глава до пети. Организмот треба да биде хидриран, но премногу вода може да биде подеднакво опасно како и премалку. Иако звучи предвидливо, разумната исхрана и редовната физичка активност се најдобра стратегија за оддржување на здравјето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина