Овој оргазам се нарекува ,,млазен,, и подразбира разделување на ејакулатот (белата течност) од уретрата за време на најсилноот женски оргазам. Некои жени, кои го имаат доживеано овој вид оргазам за време на сексуален однос со партнерот во голема мера се плашат и почнуваат да се срамат, бидејќи тие не разбираат во целост што им се случило. И тоа, со добра причина.

За некои мажи ,,млазниот,, женски оргазам е директен доказ за тоа дека бил во состојба да ја задоволи својата партнерка. И за жените овој оргазам е многу пати подобар од вагиналниот, клиторалниот оргазам или и од двата одеднаш. Еве како можете да искусите фантастичен ,,млазен,,оргазам.

По правило, се започнува прво со стимулирање на Г- точката на клиторисот. Следниот чекор е сексуалниот однос. Најдобра положба за да се постигне овој вид оргазам се смета онаа кога е ,,мажот одзади,,, ,,мажот е на врвот,,, ,,во осумка,, и ,,во лажица,,. При продолжување со сексуалниот однос не смее да се заборави на клиторисот – продолжете да го милувате. Ако се се прави правилно, ќе почувствувате неверојатно задоволство и оргазмот се приближува кон ,,млазот,, (во смисла дека е многу сличен со мокрењето). Не ограничувајте се, ако сакате да уживате, вие го заслужувате тоа! По ваквиот оргазам, само ќе сакате да се искапете и да си легнете на брановите на задоволството.

Дали е преценет ваквиот оргазам?

Како што јасно видовме, не се работи за само уште еден оргазам при кој доаѓа до исфрлање на течност од вагината. Чувствата за време на ,,млазниот,, оргазам едноставно не можат да се опишат – тие се толку многу длабоки и убави. Овој оргазам не ги опфаќа само гениталиите, туку се протега низ целото тело, предизвикува нуклеарна експлозија, поради која забораваме на се. Некои жени не разбираат што се случува и не можат да се контролираат. Ако просечната должина на клиторалниот оргазам е од една до пет секунди, на вагиналниот од седум до десет секунди, ,,млазниот,, може да трае и до неколку минути. Потоа долго време не може да е заборави чувството на задоволство од него. Понекогаш се потребни часови, па дури и денови. Жените кои имаат доживеано се неверојатно среќни, им се затресуваат колената додека одат и уживаат во секој детаљ. Покрај тоа, ,,млазниот,, оргазам ја елиминира негативната енергија и најмногу опушта.

Постојат неколку причини поради кои мажите не можат да им го приуштат овој оргазам на своите партнерки, а најчеста причина е нивната сексуална ,,неписменост,, бидејќи мислат само на себе. Многумина од мажите многу малку ја познаваат и женската природа, посебно гениталиите, а со самото тоа не можат на овој начин да ја задоволат партнерката за време на сексот. Но, познавањето на анатомијата исто така не е најважната работа – мажот едноставно мора да биде во состојба да совлада одредени техники и да се позиционира како партнер.

Друга најчеста причина е недовербата во партнерот. Ако партнерката не му верува на својот партнер, не е во состојба целосно да се опушти. Интерните психолошки бариери можат исто така да предизвикаат неможност за да се искуси ,,млазниот,, оргазам. За некои, следнава причина може да биде и смешна, но таа навистина постои. Чувството пред ,,млазниот,, оргазан е сличен на сензацијата кога силно ви се оди во тоалет. Оние жени кои ќе стигнат до овој оргазам се чувствуваат збунето и намерно се ограничуваат себеси, без да знаат што губат.

 

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина