Во последно време многу се зборува за проблемите кои ги предизвикува глутенот во човековиот организам. Сходно на тоа, се повеќе постојат совети дека тој треба да се исфрли од секојдневната употреба, како и позитивните искуства по спроведувањето на оваа одлука. Доколку се прашувате дали чувствителноста на оваа материја е се почеста, погледнете ги следниве одговори.

Само 1% од луѓето имаат целеакија, генетско нарушување на нетолератност на глутен, а нивниот пораст не е забележан. Кажано со други зборови, меѓу стотиците луѓе, само еден може да има проблем со глутенот. Освен тоа, во една студија објавена минатиот месец, се вели дека процентот на луѓето кои го имаат ова нарушување е непроменет од 2009 година. А, што се однесува до сите оние кои го немаат ова нарушување, а се ,,чувствителни,, на глутен, студијата од 2013 година, од Унверзитетот Монаш објаснува дека тоа не може да биде во никој случај вистина.

Што всушност се случува кога луѓето ќе престанат да јадат глутен?

Алан Левиновит, професор на Универзитето Медисон, кој ја проучувал врската помеѓу религијата и храната и автор на книгата ,,Глутенска лага,,, вели дека всушност станува збор за мешавина од папирологија и промени во однесувањето. Во својата книга, Леновит разговара со гастроентерологот Питер Гибсон, ко-автор на студијата која тврди дека чувствителноста на глутен е најверојатно лага. Гибсон вели дека вистинската причина зошто луѓето се чувствуваат подобро откако ќе го исфрлат глутенот од својата исхрана лежи во тоа што го промениле начинот на исхрана.

Тие луѓе одлучиле да ја исфрлат брзата храна од својата исхрана и да се хранат поздраво. Прочитале нешто за исхраната без глутен и го зголемиле вносот на овошје и зеленчук и воопшто почнале подобро да се хранат,, објаснува Гибсон.

Кажано со други зборови, иако можеби ви се чини дека исфрлањето на гутенот ќе ви помогне да ослабнете, може да се работи за комбинација од повеќе други нешта.

Лесно е да се обвини глутенот, но можеби само се работи за тоа што сте почнале да бирате поквалитетни намирници. Меѓутоа, луѓето тешко го прифаќаат ваквото објаснување. Никој не сака да признае дека неговата залуденост со безглутенска исхрана е чисто од психолошка природа”, вели Леновиц.

Освен тоа, поврзувањето на исхраната со физичките симптоми е исклучително тешко. Студиите покажале дека на луѓето им е исклучително тешко да се потсетат што и кога јаделе, како и да увидат што е здраво, а што не е. Затоа е секогаш подобро кога луѓето се држат до науката, наместо да си поставуваат самите на себе дијагнози.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина