За никого не е тајна дека најпроблематичното место на лицето за појава на брчки е делот околу очите. Дури и во младоста можеме да видиме како тука се создаваат брчки од мимики, кои со тек на време стануваат се подлабоки. Овие брчки ги издаваат годините. Поради тоа кожата околу очите мора редовно да се негува.

 

Маските за нега на кожата околу очите можат да се подготват и дома. Ви предлагаме три чудотворни, ефикасни маски против брчки околу очите кои, ако правилно ги користите, ќе ви донесат свежина и младешки изглед.

 

 

Маски против брчки околу очите:

 

Лебна маска

 

Состојките се природни и и едноставни. Помало парче бел леб се натопува во растопен путер или намалку загреано масло. Се нанесува добиената смеса под очите и се остава 20 – 25 минути. Внимателно се отстранува и се измива со вода.

 

Путер + чај од камилица и липа

 

Останала сочувана и популарна и денес како народен и ефикасен рецепт. Се меша по една кафена лажичка камилица и липа и се прелива со 100 мл. вода. Се вари неколку минути. Потоа се поклопува и остава да отстои уште 15 минути. Се процедува. Потоа од процедените листови и цветови додека се уште топли 4 лажици се мешаат со 2 лажици путер. Путерот треба да се растопи во нив. Оладената маска се чува во фрижидер 4 -5  дена. Маската се користи навечер, пред легнување. По нанесувањето, не се мие.

 

Медена маска

 

Совршено средство против брчки околу очите може да биде медената маска. Измешајте половина кафена лажичка малку загреан мед со една жолчка и една кафена лажичка овесно брашно. Добро измешајте ги сите состојки. Ако смесата испадне многу густа, додајте малку топло млеко. Маската се нанесува под очите 10 минути, не повеќе. Потоа се измива прво со топла вода, па со студена.

 

Со редовното користење на овие чудесни природни маски, веќе по еден месец ќе можете да ги видите првите резултати – брчките ќе станат невидливи, а кожата околу очите негувана, мазна и нежна.

 

Ако немате доволно време за да ги подготвувате, тогаш користете само жолчка. Мачкајте ја околу очите секој втор ден. Оставете ја да отстои 20 минути, а потоа измијте ја.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина