Поголем дел од своето време луѓето денес го минуваат во затворен простор кој е во целост одделен од влијанието на природните сили. Каде и да се наоѓа во домот, во шопинг центар или во канцеларија, тој е опкружен со врвен изолациски материјал, климатизери и освежувачи на воздухот, кои создаваат вештачка околина со квалитет кој е под знак прашање. За квалитетот на воздухот во кој живееме да биде поквалитетен, важно е два до три пати дневно да проветруваме. На тој начин воздухот во просторијата ќе се промени целосно, но постои уште нешто кое може да помогне да го зачуваме здравјето – домашните растенија.

За да бидеме расположени, но и за да функционира нормално организмот, потребно е многу кислород. Одредени видови собни растенија можат да ни помогнат да го прочистиме воздухот во домот. Растенијата испуштаат исклучително корисни негативни јони, кои ни помагаат да бидеме витални, здрави, но и кои значително влијаат на намалување на нивото на хормонот на стрес. Од таа причина треба да размислувате да набавите некое од овие растенија, кое не само што ќе го разубави важиот животен простор, туку во истовреме ќе го прочистува и воздухот во него. Научниците на американската НАСА проучувале кои се растенија се толку моќни, што им се потребни само 6 часа за да го прочистат воздухот од штетни материи. Еве кои се тие:

АЛОЕ ВЕРА

aloe

 

Дејство: Ги впива формалдехидот и вишокот јаглерод диоксид и значително го зголемува нивото на кислород во просторијата. Само една сакасија со алое вера има ист ефект како девет биолошки прочистувачи на воздух.
Одржување: Ало верата бара светлина и не и одговара превисока температура. Идеална темература за неа е 20 степени целзиусови. Не поднесува многу влага, па не треба да се залева повеќе од еднаш неделно.

 

ЗЕЛЕН ЛИЛЈАН

 

zelen-liljan

Дејство: Одлично ги впива отровите од воздухот, како што се формалдехидот, јаглерод моноксидот и бензенот. Една саксија од ова растение може да прочисти простор од 200 квадратни метри.
Одржување: Зелениот лилјан е многу лесен за одржување. Подеднакво добро поднесува и светлина и сенка. Идеален е и за во канцеларија, бидејќи не му пречи нередовното залевање.

 

БРШЛЕН

brslen

 

Дејство: Бршленот отстранува 60% мувла од воздухот и 58% честички од фекалии за само шест часа од ставањето во просторот. Исто, така ги уништува и габите.
Одржување: Расте брзо и лесно се адаптира на се освен на многу високи температури.

ЛИЛЈАН НА МИРОТ

liljan-na-mirot

 

Дејство: Ова домашно растение одлично го филтрира воздухот од отровите, како што се бензенот, формалдехидот и трихлоретиленот. Исто така, ги прочистува и алкохолите и ацетоните од воздухот.
Одржување: Многу отпорно растение е. Расте во речиси секој простор. Единствено е важно во зимно време да се заштити од замрзнување. Се залева двапати неделно и му годи да му се прскаат листовите. Не му штети и нередовното залевање, бидејќи неговите корени имаат способност да ја складираат водата и храната.

 

СВЕКРВИН ЈАЗИК

svekrvin-jazik

 

Дејство: Свекрвиниот јазик е познато како растение кое произведува најмногу кислород, посебно навечер, па се препорачува за во спалните соби.
Одржување: Многу е отпорно и потребно му е само малку светлина за фотосинтеза и малку вода. Толерира и сув и влажен воздух, но сепак не се препорачува да се стави пред вентилатор или пред клима уред.

ФИКУС

 

fikus

 

Дејство: Посебно е ефикасен во прочистувањето на воздухот од формалдехид.
Одржување: Фикусот не бара многу одржување. Не му треба многу светлина, па може да стои во некој агол од собата. Внимавајте само доколку имате мали деца, бидејќи листовите му се отровни.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина